Naroden Lekar Avtobiografija Na Dr Avram Nisim

НАРОДЕН ЛЕКАР - Автобиографија на др Аврам Нисим

ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Издавач:
Еврејска заедница во Република Македонија
За издавачот:
Миодраг Л. ТодоровиќКозма
НАРОДЕН ЛЕКАР
Автобиографија на др Аврам Нисим
Редактор:
Славомир Маринковиќ
Превод на Автобиографијата од српски:
Ефтим Клетников
Рецензент:
Ави М. Козма
Лектор:
Здравко Ќорвезироски
Графички дизајн и компјутерска подготовка:
Миленко Маринковиќ
Печат:
„Макстен графика" Скопје. 2007
Техничка реализација:
Никола Симовски
Тираж:
300 примероци
НАРОДЕН ЛЕКАР
АВТОБИОГРАФИЈА НА ДР АВРАМ НИСИМ
ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје, 2007
CIР Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски", Скопје
929 Нисим, А.Нисим, Абрахам Аврам
Народен лекар: автобиографија на др Аврам Нисим [превод на автобиографијата од српски Ефтим Клетников), Скопје : Еврејска заедница во Република Македонија, 2007, 87 стр. : илустр.; 20 см
Предговор / Јасмина Ќириќ: стр. [7] 23. фусноти кон текстот
IЅВN 9789989235450
а) Нисим, Аврам (18901978) Автобиографија СОBIS.MK-ID 68598026
Др Аврам Нисим (1890-1978)

Предговор
Со истражувачка дејност почнав да се занимавам пред триесет години. Од раната младост ме фасцинираше животот на Евреите во Ниш во времето пред Втората светска војна. Ниш, како и многу градози на просторот на Југославија, имаше тажна судбина кога станува збор за Евреите. По Втората светска војна во нивните домови никој не се врати, беа убиени речиси сите нишки Евреи… и приказната за нивниот живот немаше кој да ја раскаже, да ја каже. Почнав со прегледување на документацијата по архивите, музеите, во предвоените весници барав податоци за Евреите на Ниш, трагав по преживеаните, едноставно се обидов да ја оживеам приказната на моите сограѓани и на сонародниците Евреи, кои беа убиени во текот на Втората светска војна, пробав во текот на сиве овие години на мојата истражувачка работа да оживеам една „мртва" приказна за Евреите на Ниш и денес, мислам, успеав во тоа… зашто, за нив немаше кој да кажува, немаше кој да се сети на нив, убиени се сите, а јас смогнав сили да ја зачувам и да ја раскажам приказната за нив.
Мојата приватна архива има 20.000 страници документи, повеќе од 5.000 фотографии, книги за Евреите на Ниш на повеќе од 300 страници, околу 1.000 текстови во весници зборуваат дека постои некој кој нишките Евреи не ги заборавил и кој се уште се сеќава на нив, и не само на нив, туку и на културното богатство кое го имаат оставено на овие простори.
Во 1995 година ја откупив архивата на Нафтали Бата Гедалја (Евреин кој го напуштил Ниш во далечната 1927 година) од Еврејскиот историски музеј во Белград. Тој, се до својата смрт, пишувал за младоста помината во Ниш. Во материјалот што го имав, ја пронајдов и неговата приватна преписка со доктор Абрахам Аврам Нисим, познат како Ел Нишли/Нишлија. Заедничко им беше што никогаш не го имаа заборавено своето родно место Ниш, во преписката се сеќаваа и го оживуваа животот на Евреите во Ниш, го опишуваа еврејскиот живот во Ниш меѓу двете светски војни, пишуваа за своите детски и гимназиски денови, пишуваа за еврејските трговци, занаетчии, интелектуалци, за Чивутаната, за кабалистите на Ниш и нивната организација „Тикун Хацот", за Јешива, за Синагогата, за еврејските гробишта, за еврејските друштва и организации и така натаму… И Бата и Аврам во 1948 година се отселија за Израел, но нивната носталгија за родниот крај никогаш не ги напушти.
Кога ја документирав архивата на Бата Гедалја, ме заинтригира кој бил доктор Абрахам Аврам НисимЕл Нишли? Ме фасцинираа неговиот живот, љубовта спрема семејството, посветеноста на еврејската заедница и друштвата, неговите описи на Ниш и на еврејскиот живот во него, посветеноста на лекарската практика, на хуманоста и грижата за луѓето итн… итн… Посакав да дознам уште повеќе за човекот кој во 1935 година бил избран за претседател на Еврејската општина во Скопје и на таа функција останал до Војната.
Ако нешто го посакувате, тогаш и ќе дознаете. Во „Билтенот" што излегуваше во Израел, а беше гласило на Евреите од просторите на Југославија, дадов оглас дека ги барам потомците на доктор Аврам Нисим. Имаше три деца, а јас за нив немав податоци. Две години по излегувањето на огласот во ова гласило и на мојата молба до моите пријатели кои живеат во Израел да ми помогнат да ги пронајдам потомците на доктор Аврам Нисим, на 31 декември 1996 година конечно добив писмо, кое ми го прати Нисим Нисим, синот на доктор А. Нисим. Во тоа писмо, покрај другите нешта, тој ми пишува:
„Ви се заблагодарувам на вашата света работа и на желбата да го оживеете споменот на мојот татко, па ви ги праќам татковите спомени, написите во весниците што тој ги пишуваше, фотографии на семејствата Нисим, Варон и Мандил, споментетратката и ја додавам татковата Автобиографија што ја има напишано на својата 85годишна возраст, кога, веќе речиси парализиран, слеп на едното и со катаркат на другото око, 'научи' да чука на машина за пишување за да ни раскаже уште нешто за својот живот, за животот во Ниш и во Скопје…".
Така, конечно, мојата желба се оствари во рацете ја имав Автобиографијата на доктор Аврам Нисим, шеесет страници чукан текст, многу слики, документи, написи, преписки… па ми претстоеше темелно средување на овој материјал.
Во март 1997 година Нисим Нисим ми напиша:
„Ако објавите нешто од материјалот што ви го пратив, би молел да ми доставите…". На моите писма за некои договори, Нисим повеќе не им одговараше, но со писмо во август 1997 година неговата бивша сопруга ме извести дека, за жал, на мојата пошта Нисим не можел да одговори, зашто починал во јуни 1997 година. Имав куп материјали, слики, документи…, но сепак останав без соработката на некого кој би ми помогнал во некои евентуални нејасности во документацијата. Мојата одлука беше да продолжам со средување на документацијата, особено на Автобиографијата на доктор Аврам Нисим, но како прв проблем беше што текстот на Автобиографијата го добив на стара, изветвена пелир хартија, која доктор Аврам Нисим ја користел на машината за пишување, полупарализиран и полуслеп во својата 85та година. Зошто наведувам вакви детали? Едноставно, добив текст на Автобиографијата кој речиси и не се гледаше.
Следните две години ги поминав над текстот со лупа и со тенок фломастер, потенцирајќи ги буквите во Автобиографијата. Првите фотокопии на оригиналниот текст ги добив во зимата на 2000 година, па следуваше читањето и пречукувањето на текстот, уфрлувањето во компјутер за полесна обработка… А потоа нови проблеми: ракописот останал недовршен, пишува само до влегувањето во бродот „Кефалос" и до заминувањето за Израел во 1948 година. Смртта го спречила доктор Аврам Нисим да ја заврши својата Автобиографија. Како нов проблем се појави јазикот на кој Автобиографијата беше пишувана, ни српски ни хрватски јазик, туку една смеса на тоа, вклучувајќи го и јудеоеспањолот. Повеќе консултации имав со Симха Кабилјо, Давид Алб&хари… Текстот го обработив компјутерски во изворната форма, онака како што го напишал доктор Аврам Нисим, со минимални промени; преводите од јудеоеспањолот, што ги има во текстот, ги направи Д. Бераха, а од германски јазик Л. Леви.
Комплетната Автобиографија на доктор Аврам Нисим, со сликите кои по сопствен избор ги вметнав во текстот, беше завршена есента на 2001 година. А тогаш повторно мојата дилема колку целата Автобиографија „тежи" за објавување. Ме советува Давид Албахари, велејќи дека „ова мора да се објави, треба да се даде сиот текст во секоја варијанта, зашто во него има интересни материјали за историчарите…".
Во следните две години разговарав со разни личности за текстот на Автобиографијата, го давав на исчитување на некои луѓе и ги чекав оценките за вредноста и за тежината на Автобиографијата на доктор Аврам Нисим. Признавам дека не бев'сигурна во својата работа на овој текст, па некои мои дилеми со совети ги решаваше рабинот Исак Асиел.
Во 2003 година со Автобиографијата на доктор Аврам Нисим учествував на конкурсот на Сојузот на еврејските општини, во меѓувреме објавив околу дваесет написи во различни весници со делови од Автобиографијата на доктор Аврам Нисим. Во март 2004 година, по препорака на М. Михајловиќ од Еврејскиот историски музеј во Белград, текстот на Автобиографијата на доктор Аврам Нисим и го предадов на госпоѓата Жамила Колономос во Скопје, за да го прочита трудот и да го даде своето мислење за вредноста на Автобиографијата, зашто таа се познавала со доктор Аврам Нисим, се сеќава на неговата работа и сметам дека е најкомпетентната личност која би можела да ја оцени оваа Автобиографија. Госпоѓата Жамила Колономос го оцени текстот позитивно, како труд со голема важност за Еврејската заедница во Република Македонија, а пред се во Скопје, како и за Еврејската општина Ниш, па смета дека е добро Автобиографијата на доктор Аврам Нисим да се објави на македонски јазик. Во издание на ЕЗРМ, Автобиографијата на доктор Аврам Нисим се отпечатува во март 2007 година.
Доколку во времево сегашно, време на скршнувања, на испреплетеност меѓу причини и последици, се уште вреди барем некој старовремски параметар, тогаш според зборовите на мудреците „Човекот е она што по него како трага останува". А по мене, верувам, остануваат… и комплетната подготовка на Автобиографијата на доктор Аврам Нисим, текстот и сликите што ги подготвив за печат.
Нека е благословен споменот на доктор Аврам Нпсим и на неговото семејство.
Јасна Кириќ,
претседател на Еврејската општина Ниш

Народен лекар
Роден сум во Ниш на 19 декември 1890 година (по тогашниот календар, 6 декември). Според признанието на мајка ми, не сум почекал да стаса бабицата, туку со главчето сум си пробил пат од затворот на мајчината утроба, од што се гледа дека за време на раѓањето сум бил нестрплив.
Не се сеќавам како сум растел и како сум се развивал понатаму, само ми има останато во сеќавањето дека кога имав пет години ме одведоа во „А ла Маестра" (еврејско забавиште) кај тетка Бука, каде што по цел ден си играв со децата, до доаѓањето на мајка ми да ме земе. Бев дружељубив, така што мојот престој во тоа забавиште ми помина брзо и пријатно.
Кога наполнив шест години, мајка ми и баба ми ме одведоа во „А Милдар" (еврејско училиште). Еден настан морам поподробно да опишам. Мајка ми и баба ми во придружба на неколку пријателки, заедно со синот, односно внукот, на чело на поворката носеа две тепсии: едната полна со рускитас1, намачкани со мед, за идните другари, а во другата една голема роска2 и заедно со нса чинија полна со кашкас3 за учителот на одделението, „алефбет" Рахамим Алкалај.
Кога влеговме во училницата, станаа сите деца пеејќи една песна, а хахамот (свештеник) Рахамим ми посака добредојде: (ладино4) „Барух аба ел нуево елево" (добредојде на новиот ученик).

Детство и момчештво
Во училиштето бев меѓу најдобрите ученици, па учителот често ме земаше за пример. Следната година требаше да тргнам во српско училиште, но за време на летото тешко се разболев, па не можев да бидам запишан во предвидениот рок. Така испадна да тргнам во српско училиште дури во 1898 година, со задоцнување. Во меѓувреме го посетував стариот клас на еврејското училиште во кое учител ми беше хахамот Јицхак (Исак) Леви.
Би сакал да ја објаснам поделбата на одделенија во „Милдарот", во кој имаше три одделенија: во првото учител беше Рахамим Алкалај, во второто Јицхак Леви, а во третото хахамот Давид Алкалај, кој беше дојден од Шабац. Одделенијата не беа строго поделени, туку од едно во друго се преминуваше според процената на учителот.
За да ја објаснам мојата тешка болест, морам да кажам дека во летото на 1897 година се разболев од дифтерија од која ме лекуваше и ме излекува доктор Милиќевиќ, тогашен нишки окружен лекар. Но, за негова и наша жал, дифтеријата ја остави зад себе парезата на нервите за говор, така што онемев, додека другите сетила ми беа во ред. Убаво се сеќавам на текот на болеста и на последиците, бидејќи тогаш веќе имав седум години. Се што можеше да преземе доктор Милиќевиќ за подобрување не даде резултат, така што речиси се помиривме со судбината. Беа употребени сите достапни народни и бабински лекови, а исто така не изостануваше ни обраќањето до Господ за помош. Потоа, според некој обичај, за да не умрам, ме „продадоа" и така добив нов татко, еден роднина на баба ми, Јосеф Алкалај, бидејќи се веруваше дека вториот татко е тој што ќе го донесе очекуваното оздравување. Покрај тоа, во сеќавање ми е останато дека во Ниш во тоа време престојуваше на минување еден намерник од Сафед, кој предложил да ме благословат и да се молат за моето спасение заедно тројца свештеници од три различни вери: мојсеева, христијанска и муслиманска.
Сето тоа не вроди со резултат, така што останав нем се до Тубишват (TuBishvat = празник на овошјето и нова година на дрвјата) во февруари 1898 година, кога повторно прозборев. Тоа беше вистинска сензација не само за моите родители, туку и за целиот Ниш, а веројатно и за околината, бидејќи надалеку беше познато дека малиот Аврам онемел. Баба ми го прати татко ми кај новиот татко, за да го доведе, а во градот како да беше разгласено со тапан, побрзаа кај нас многу познати и пријатели за да го видат ова чудо. Баба ми ги пречекуваше луѓето во дворот и никому не му дозволуваше да влезе во станот, кој се наоѓаше на горниот кат од куќата на Давид Нахмијас. Во тоа време стаса татко ми со новиот татко Јосеф Алкалај, кој ми донесе полна кошничка овошје со кое ги даруваа децата за време на Тубишватот. Дури утредента почнаа уште од рани зори да доаѓаат гости со разни подароци, како да ми беше роденден. Баба ми ми обеси околу вратот врзопче лук, кој требаше да ме чува од урокот „ајин ара" (еврејски за лошо око). Така почнав да излегувам од дома по неколку месеци домашен затвор. Неколку години подоцна (бев во трети клас гимназија) доктор Милиќевиќ го беше сретнал татко ми во Белград и го замолил да ме одведе таму, каде што ме покажа во Лекарското друштво како редок случај на дифтерија со последица.
Овде ќе нагласам дека во животот немам боледувано се до 1915 година, кога се.разболев од пегав тифус. Оттогаш веќе се немам разболено.
Во „Милдарот" бев одличен, трудољубив ученик, дотолку повеќе што му бев миленик на мојот учител, хахамот Јицхак, кој од мене сакаше да направи наследник во неговата професија. Кога тргнав во гимназија, во еврејското училиште за учител го добив младиот професор Сабетај Гаин, кој беше дошол од Палестина и од претседателот на Општината Давид Нахмијас беше ангажиран за учител во Ниш. Од Ѓаин почнавме да учиме за движењето на ционизмот, за коешто дотогаш бевме слушнале нешто само од нашите родители. И денес ја помнам првата песна што ја пеевме во хор: „Јерушалаим, мадре мија, баста ту траватес…" (Ерусалиме, мајко моја, доста страдаше…).
А сега да поминам на учењето во основното училиште. Ме запишаа во училиштето кај Соборната црква во Ниш, каде што првпат се запознав со српскиот јазик и со српските услови воопшто, бидејќи пред тоа живеев во кругот на семејството, во Еврејското Маало, во коешто го минав детството. Прва учителка ми беше госпоѓицата Вета Јелисавета Барбуловиќ, која необично ме сакаше и затоа посебно внимаваше да ме подготви во секој поглед за моето идно образование.
Јас како примерен ученик го заслужив тоа внимание, така што во образованието извонредно добро напредував. Во тоа училиште учевме само неколку месеци, бидејќи беше преуредено за Великата народна скупштина, која ја беше свикал кралот Милан Обреновиќ за да абдицира во корист на синотрегентот Александар Обреновиќ, така што моравме да го напуштиме сред зима. Нашето училиште се пресели во една штотуку направена продавница во близина.
Во второ одделение бев запишан во училиштето кај Стамбол Капија, каде што го учев и третото одделение. Во трето одделение се случи нешто што не можам да го заборавам и затоа го ставам во мојава автобиографија. Бранејќи ја еврејската чест, му го скршив носот на еден ученик по име Горѓо Гуелмин. Тој Гока ме викаше „Чифут", а јас, немајќи друго средство, кренав еден голем камен од земја и со него го треснав по нос. Се разбира, имаше повлечипотегни, бидејќи неговите родители ме кажале на училишните власти, така што мојот учител, еден игумен, против своја волја мораше да ме казни да стојам во ќошот со лицето свртен накај ѕидот. Тука се покажа другарството на сите ученици, кои застанаа во моја одбрана и во еден глас викаа Аврам не е виновен, Гока е лош другар, и се така додека учителот не ме ослободи од казната. Од ова се гледа дека Србите секогаш им беа пријатели на Евреите, што јас лично, во својот подоцнежен живот, секогаш можев да го констатирам.
Ете, тоа беше мојата прва одбрана на честа на еден Евреин и таа чест и сега ја бранам.
Во четврто одделение со еврејските основци преминав во новото Еврејско училиште, кое беше прогласено за општо државно основно училиште. Во четврто одделение, кое го завршив во 1902 година, учител ми беше господинот Живковиќ, кој подоцна долги години беше управник на Еврејското училиште. Во четврто одделение бев одличен ученик, така што ја уживав довербата и на самиот учител и на моите родители. Кога го завршив основното училиште, се постави важното прашање за моето понатамошно образование. Мојот учител Живковиќ \о повика татко ми и со голема мака успеа да го убеди да го продолжам школувањето во гимназија. Татко ми тогаш беше убеден дека гимназијата е само за деца на богати родители, а не и за синот на еден продавач на среќки на лотарија, кој одвај успева да ги прехрани баба, жена си и трите деца. Главно е дека мојот добар господин Живковиќ најпосле го убеди татко ми, па така јас станав гимназијалец.
Во гимназијата продолжив да бидам меѓу првите вредни ученици. Покрај тоа бев и добар другар, кој секогаш беше подготвен да помогне, било со зборови, било со мускули. На тој начин во училиштето стекнав многу пријатели, кои ми останаа блиски целиот живот. Еден од нив беше и мојот тогашен другар Миливое Павловиќ, со кого другарував до Втората светска војна, додека бевме во Скопје Миливое како професор на Универзитетот, а јас како лекар на социјалното осигурување на Скопскиот окружен уред.
За школувањето во гимназијата немам нешто посебно да кажам. Со спорт не се занимавав, освен што еден школски другар ме учеше да јавам коњ. Коњите ги одгледуваа неговите браќа на Бубањ. Покрај тоа, секоја недела одев на стрелиштето кај Вајфертовата пиварница, каде што со другарите вежбав во салата за гаѓање. Во трети клас почнав да учам шах, што и денденес го играм кога имам партнер.
Го завршив четвртиот клас и ја положив малата матура со одличен успех. Прв мичестита, се разбира, мојот бивш учител, господинот Живковиќ, кој ме изненади со необичен предлог. Ми рече: „Драги мој Авраме, јас досега секое лето ги подготвував идните гимназијалци, а оваа година сакам да престанам. Решив ти да ја преземеш оваа должност". На мојата забелешка дека не знам дали можам да ја исполнам таа обврска, ми одговори: „Јас го познавам мојот Аврам, ти поубаво ќе ги подготвуваш од мене". Така, ненадејно станав приватен самостоен учител.
За време на целото лето подготвував дванаесет идни гимназијалци. Тие сите го положија приемниот испит, за што од нивните родители добив двесте и четириесет динари, што во тоа време претставуваше голема сума пари, која тогаш првпат ја видов и ја имав како свое лично богатство. На мојата радост и немаше крај, па така веднаш отрчав до сестра и на мајка ми, тета Буча, и ја поведов со мене во продавницата кај Стамболија, каде што таа избра свила за фустан на мајка ми. Потоа со пакетот в рака отидов дома, за да им ја јавам на мама и на другите радосната вест. Тоа беше некаде пред Сукот5, кога мама случајно требаше да биде хатана (обичај кај Сефардите, венчавање со верата на Симхат Тора), па така како хатана гордо го носеше новиот фустан кој го доби како подарок од синот што почнал да работи и да заработува. Јас продолжив да давам приватни часови за учениците од пониските класови на гимназијата, кои имаа слаби оценки, и на тој начин престанав да бидам на товар на татко ми, кој имаше потешкотии со издржувањето на семејството. Секогаш имав по неколку ученици, на кои трипати неделно дома им држев часови, за што добивав од нив по два динара за час, што за тоа време претставуваше одлична заработка. Најчести ученици, на кои се сеќавам, ми беа Саул Челебоновиќ и Мориц Леоновиќ. За школувањето во гимназијата не би имал нешто друго да кажам. Бев вреден ученик, но престанав да бидам одличен. Наместо тоа, бев сериозно добар ученик. Пресвртот во мојот понатамошен живот воопшто, а и во учењето, се случи во седми клас гимназија, во 1908 година.
Кон крајот на 1908 година се случи нешто неочекувано. Анексијата на Босна и Херцеговина. Една од тогашните големи сили, АвстроУнгарија, ја анектира Босна и Херцеговина. Се разбира, тоа го возбуди целиот свет, а посебно Русија, како и малечката Србија, која, немоќна за некоја акција, од братска Русија очекуваше да и дојде на помош. Патриотизмот и подготвеноста на старите, а посебно на млади Сукот (евр.) празник на сениците, еврејски празник како благодарност за жетвата, се славел во месецот тишри (еоодветствува на септември или октомври). те, се гледаа во непрестајните изблици на восхит спрема Русија и во демонстрациите против австроунгарскиот окупатор.
Во Ниш и во Крагуевац учениците формираа ученички чети и се подготвуваа за герилски акции во даден момент. Ученичката чета на којашто и припаѓав и јас, за командир имаше еден прочуен комитски војвода (мислам дека беше скопјанец), кој не обучуваше во ракување со оружје и во фрлање бомби. Ние самоволно престанавме да ги посетуваме попладневните часови со гимназијата, бидејќи секој ден попладне сериозно вежбавме со нашиот командир на градското поле зад Тврдината. Во неделите не вежбавме, туку од десет наутро до дванаесет напладне, со воена опрема, парадиравме по главните улици во придружба на воена музика, пеејќи патриотски песни и кликајќи му на саканиот крал Петар Караѓорѓевиќ.
Јас бев веќе младинец ционист, што воопшто не ми пречеше да бидам српски патриот, како што беа, всушност, сите српски Евреи како младите така и старите. Овде морам да ги спомнам големите патриоти: ционистичкиот првенец доктор Давид Алкалај и младиот лекар доктор Давид Албала, кои секогаш, во секакви околности, ја манифестираа својата љубов спрема родната земја. Па и самите Срби им беа наклонети на ционизмот и на еврејскиот народен проблем.
Не треба да се заборави дека Србија беше првата држава која ја поздрави Балфуровата декларација6 преку министерот Весниќ. Доктор Давид Албала, пак, во униформа на српски офицер на чело на големата поворка со кренато еврејско знаме парадираше по улиците на Њујорк, пеејќи ја химната „Хатиква".
Сега ќе поминам на моето понатомошно школување. Завршив седми клас гимназија во 1909 година и го започнав последниот, матурскиот клас. Јас и натаму давав приватни часови на ученици и со тоа си ја обезбедував егзистенцијата.
Покрај тоа, бев ангажиран како кореспондент во новоотворената филијала на прочуената солунска фирма на браќата Алатини, за што месечно добивав еден наполеон (десет златни динари), што тогаш претставуваше голема заработка за ученик од четврти клас гимназија. Целата таа година штедев за да имам барем нешто за почеток по положената голема матура. Во недоумица што да студирам, му се обратив на доктор Бора Бераха, кој тогаш почна со приватна лекарска практика во Ниш, па затоа сметав дека тој е компетентен да му даде совет на еден иден студент. Доктор Бераха ме прими многу љубезно. Кога ја слушна мојата желба да студирам медицина, но дека не знам дали со толку малку средства ќе можам да успеам, тој се замисли, а потоа ми рече: „Ако се сака, се се може". Тие зборови не можам да ги заборавам, бидејќи им дадоа полет на мојата желба и на мојата лична самодоверба.

Познанството со Жак Конфино
Еден убав ден, слегувајќи од горниот кат на кој живеевме, на долниот кат ме пресретна тија (тетка) Винуча, ќерка на хахамот Пресјад, која тогаш беше на гости кај татко ми, со зборовите: „Вен верас а ми Жаки"7 (Додји кај мене да го видиш Жаки). Знаејќи дека таа нема деца, отидов да видам кој е тој нејзин Жаки. Ми се претстави едно слабо развиено момче, ми објасни дека, всушност, е лесковчанец и дека повисоките класови гимназија ги учел во Белград, а дека сега ја положил големата матура со уште двајца Евреи: Сташа Винавер и Миша Алкалај. Последниве двајца ќе иродолжеле на студии, бидејќи нивните родители биле во можност да ги школуваат. (Сташа е син на др Винавер од Шабац, а Миша на др Давид Алкалај, адвокат од Белград). Жаки ми се жалеше дека не знае што да прави, бидејќи неговите родители не се богати, па поради тоа не се во состојба да го издржуваат. Тој поднесол молба за стипендија, што и ја добил од Бенцион Були, банкар од Белград, и тоа педесет динари од него и дваесет динари од „Потпора". Со таа сума тој не можел да реши да замине на студии.
Овде морам малку да се задржам на нешто што личи на сказна. Додека седев со Жаки на чардакот и разговаравме за иднината, баба ми седеше недалеку од нас. Наеднаш Жаки ме праша која е таа старица што седи таму. Јас му објаснив дека тоа е баба ми прочуен народен лекар, тија Булиса, кај народот и во околината позната како баба Бела. Тогаш Жаки рече: „Одам да ја интервјуирам". Му реков дека баба зборува само шпански, а Жаки рече: „Па тоа е и мојот мајчин јазик", стана, и пристапи и ја праша: „Комо се ваир Аврам пара студјар а Виена квандо но тјени монеда?" (Како ќе студира Аврам во Виена кога нема пари?). Баба го погледна остро и рече: „Ел Дјо ес Гранде, ижико" (Бог е голем, синко). На овие зборови Жаки секогаш се сеќаваше и често ги повторуваше за време на нашето другарување и школување во Виена, секогаш кога немавме доволно пари и не знаевме што да правиме. „Ел Дјо ес Гранде".
По ова запознавање и по долгиот разговор, од Жаки се разделив како да бевме стари познајници, со желба повторно да се видиме. Не минаа ни неколку дена, еве ти го нашиот Жаки, еден петок претпладне, кај мене. Кога се поздравивме, ми ја пренесе желбата на мајка му дека таа би сакала да ме види и дека ме кани на гости за „Ноче и дија де Шабат" (ноќ и ден на Шабат/сабота), а тој дошол лично да ме одведе во Лесковац. Јас се подготвив за пат, се збогував со домашните и тргнав на пат со новиот другар.
Стасавме во Лесковац попладне и Жаки ме одведе првин во хотел, каде што веќе ми беа резервирале соба, а потоа отидовме кај нив. Ме пречекаа многу љубезно и ме одведоа во собата, која служеше како кројачки салон на мајка му, прва модерна кројачка во Лесковац. Таа беше една интелигентна жена, полна со дух и хумор, воопшто една фина дама. По краткиот разговор, следеше послужување со слатко и турско кафе. Потоа таа не прати да се прошетаме, но ни рече да не задоцниме за вечера. Жаки ме одведе в чаршија, пред се за да ме запознае со татко му, кого се уште не го сретнав. Во еден мал дуќан тој ја средуваше стоката за пазарниот ден сабота. Тој ден продавал повеќе производи отколку за време на цела недела, бидејќи неговите производи главно биле наменети за купувачи кои доаѓале на пазар од околните места (беше тенеќеџија). Тој бил познат лесковачки шегобиец, за кого зборуваа дека од шега дошол на овој свет, човек занаетчија без големи претензии, задоволен со она што го има, среќен татко на четири деца. Оставаше впечаток на сериозен домаќин. Со мене беше многу љубезен, како да му импонирав. Откако јас и Жаки прошетавме уште малку, а веќе почна да се стемнува, се вративме дома, каде што не очекуваа празнично облечени во чест на претстојниот Сабат. По запознавањето со сестрите и со помладиот брат, мајка му на Жаки ме фати под рака и ме седна на моето место на маса. Татко му на Жаки седна лево од мене, до него седна Жаки, па мајќа му и другите. Татко му стана со полна чаша вино в рака, а по него сите други, и ја испеа молитвата со благослов за Шабатот што настапува. Тоа во вистинска смисла беше свечена вечера според сефардскиот обичај. Не недостасуваа ни гуевос енхаминадос (варени јајца). По вечерата, ние постарите отидовме во салонот, додека помладите останаа да ја раскренат масата.
Дури во салонот мајка му на Жаки почна со распрашување за мојата одлука да одам во Виена да студирам медицина. Пред се, ме праша дали е тоа моја дефинитивна одлука. Кога одговорив позитивно, некако срамежливо ме запраша дали ќе можам со малата месечна стипендија да излезам на крај? Јас и одговорив дека доктор Бераха, кој студирал во Виена, на истото прашање ми одговори: „Се се може кога се сака". Уште долго разговаравме, додека татко му на Жаки не стана и не се збогува, а по него станавме и јас и Жаки. Јас се заблагодарив, се збогував и тргнав со Жаки накај хотелот. На замин, мајка му на Жаки не заборави да ме потсети дека утре наутро треба да дојдам на дизајунуѕ. Утредента околу 9 часот претпладне Жаки дојде во хотелот по мене, велејќи ми дека мајка му не чека на појадок, на кој сака да ми соопшти некоја новост. Се разбира дека нестрпливо чекав да ја чујам таа новост. Штом дојдов кај нив, мајка му на Жаки ме фати под рака и некако свечено ми соопшти: „Драги Авраме, ние решивме малку да се 'стиснеме' и да му дадеме можност на нашиот Жаки да студира на Универзитетот во Виена. Ова го соопштувам пред појадокот, за да ви биде посладок, па така веднаш посакувам да бидете среќни и вредни и на сите да им докажете дека универзитет не е само за богатите". Потоа го бакна Жаки, па мене. Јас и ја бакнав раката со зборовите дека на светот има само две најдобри мајки, а тоа се мајка му на Жаки и мојата мајка.
Кога завршивме со појадокот, мајка му не остави насамо, а ние двајцата се договаравме за тргнувањето на посакуваниот пат во прочуената Виена… Wien… Wien… Wien…

Во Виена на студии по медицина
Бидејќи ова се случи пред Рош ХаШана (еврејска нова година), решивме јас да се вратам во Ниш, а тој во Белград, за да ги средиме финансиските работи, па потоа, по празникот, тој да ме пречека во Белград, од каде што заедно ќе тргнеме на пат.
Појадок само од тесто, типичен за Сефардите.
Како што се договоривме, Жаки ме пречека во Белград и така два дена по Рош ХаШана во 1910 година нишлија и лесковчанец тргнаа на пат за да го продолжат школувањето на Универзитетот во Виена во неразделно блиски односи.
Овде морам да се оддалечам од личната биографија и да кажам дека татко ми имаше двајца блиски пријатели, а тоа беа големиот рабин доктор Исак Алкалај и министерот Никола Узуновиќ, кои, според желбата на татко ми, морав да ги посетам пред моето заминување на студии. Рабинот ме прими многу срдечно и кога слушна дека ќе одам во Виена ми даде едно писмо за Вита Кајон, кој тогаш студирал во Виена, и ме советуваше да стапам во редот на тогашните младишцк т.е. во „Есперанса" (надеж). Министерот Узуновиќ, исто така, ме пречека љубезно, радувајќи се што синот на неговиот пријател Нисим, и покрај сите тешкотии, сепак напредува. И тој ми даде една препорака, за српскиот пратеник на Дворот на АвстроУнгарија во Виена.
Сега повторно да се вратам на патот на нишлијата и лесковчанецот.
Стасавме во Виена не познавајќи никого; се сместивме во хотел и тукаја поминавме првата ноќ, а утредента тргнавме да бараме стан во околината на Универзитетот. Најпрвин заедно отидовме да го најдеме Вита Кајон. Кога го пронајдовме, како да не огреа сонце. Вита беше упатен во се, симпатичен Босанец, кој на прв поглед не восхити со својата љубезност. Веднаш тргна со нас да бараме стан, а како увертира ни кажа неколку студентски и босански вицеви и шегобијни анегдоти, гледајќи во нас згоден терен за приближување. На крајот, најдовме една соба и се вселивме во уличката „Ленау", каде што останавме само еден месец, додека во меѓувреме не се запознавме со членовите на „Есперанса", кои ни најдоа поубава соба во нивна близина.
Понатаму ја продолжувам биографијата со ние, а тоа сме ние двајцата, кои во текот на две години неразделно живеевме во една соба, делејќи го секое поголемо или помало добро, што го очекува секој студент во туѓ свет. Бевме среќни, бидејќи меѓу другарите во „Есперанса", посебно меѓу Босанците, пронајдовме слични на нас, оптимисти и веселници. Се разбира, нашиот прием во „Есперанса" беше величествен. Во наша чест беше одложено некое предавање што било на дневен ред, па по приемот сите отидовме во „Кај Шилер", што тогаш беше штампкафе (кафуле) на нашето друштво, а важеше како локал на виенските Сефарди.

Доброволец во Балканските војни
Како го поминавме школувањето во Виена и како се снајдовме не е ништо необично и затоа на тоа ќе се задржам кратко. Учевме, се забавувавме колку што ни дозволуваа околностите, но никогаш не пропуштавме ни една можност што ќе ни се укажеше. Така ги поминавме 1910, 1911 и 1912 година, а привремено се разделивме во 1912 кога пламна Првата балканска војна. Тогаш јас ги прекинав студиите и заминав доброволно, со неколкумина српски студенти, да им помогнеме на другарите што беа мобилизирани. Кога стигнавме како доброволци во Белград и се пријавивме кај началникот на военото санитетско одделение, тој не пречека со зборовите: „Што да правам со вас, немате служено војска, а не сте ни лекари". На крајот, утредента не мобилизира како доброволни лекарски помошници и не прати шестемина во нишката Воена болница кај познатата Ќелекула.
Тука се случи пресвртот во мојот понатамошен живот, кој почна со доброволно учество во Војната за ослободување на поробените браќа во Македонија.
Кога се јавивме на должност, бидејќи пред тоа не бевме упатени во лекувањето на внатрешни болести, не придодадоа на хируршкото одделение во кое хирург беше доктор Жераиќ. Тој беше дојден од Русија, каде што бил шеф на Хируршкото одделение на Мариинската болница. Не беше само добар хирург, туку и добар учител и добар човек. Тој не подучуваше како да даваме помош и како да се однесуваме со ранетите, кои ја дале својата крв за слобода. Се разбира, ние ги почитувавме неговите упатства и се натпреварувавме во љубезноста спрема јунаците што ги лекувавме и братски ги негувавме. Јас во секој поглед бев меѓу највредните, така што работев трудољубиво и со добра волја им помагав на оние кои тоа го беа заслужиле со својата пожртвуваност и херојство. И за време на операциите доктор Жераиќ не земаше да бидеме покрај асистентот, така што подоцна можеше да не употреби за брза помош. На тој начин ние, студентите, секако, во секој поглед, можевме да им бидеме добри помошници на лекарите. Тој нас толку многу не засака, што за време на Првата светска војна, кога беше шеф на одделението во Инженерската касарна. замоли да му ги пратат доброволците од претходната Војна. Но, таа молба не му ја исполнија, бидејќи бевме мобилизирани на друго место.
Така, Балканските војни ги поминав во болницата кај Келекула. За Новата 1913 година доктор Жераиќ ме прати во Едрене, каде што се наоѓаше брат му, полковникот Милан, при опсадата на тој град, така што имав среќа да ја видам и да пропатувам низ цела Бугарија со која тогаш се уште бевме во пријателски односи. Јас си подготвив можност да посетам некои свои роднини во Софија. Ништо посебно не се случи за време на тоа доброволно учење, освен што случајно го запознав стариот крал Петар, кој дојде ненајавено да го посети престолонаследникот Ѓорѓе, кој лежеше ранет на нашето одделение. Бидејќи никој не го пречека, а јас во тој момент се најдов на скалите, ми пристапи замолувајќи да му покажам каде лежи неговиот син. Јас се поклонив и тргнав, придружувајќи го од неговата лева страна. Но, кралот ме премести од неговата десна страна, бидејќи, како што ми рече, не слушал на левото уво. Така случајно дознав дека кралот Петар е наглув.
Најпосле завршија Балканските војни и нас веднаш не демобилизираа.

Повторно во Виена
Кон крајот на 1913 година со нетрпение тргнав за Виена да ги продолжам прекинатите студии. Браќата на еден ранет, кој имаше прележано 17 рани, ме пречекаа во Младеновац и ми го симнаа багажот од возот, така што не можев да го продолжам патот. Ми рекоа дека нивниот брат Станое чека во селото за да го нагости својот спасител. Кај Станое бев гостин два дена. Сето тоа ми беше приредено како благодарност за мојот искрен труд околу оздравувањето на еден од најтешките ранети во болницата кај Ќелекула. Од Младеновац, со многу подароци, тргнав за Белград, а оттаму за Виена.
Приемот во Виена, од страна на другарите на чело со Жаки, личеше на пречек на принц, кој се враќа како победник од бојното поле. Сите се натпреваруваа да ми честитаат, радувајќи му се на повторното враќање на Нишлијата (под друго име не ме знаеја во Виена, посебно во „Есперанса"). Бидејќи напредувањето на моите врсници течело нормално додека јас како доброволец лекував ранети, сега морав да го надоместам загубеното време, така што работев шогу напорно за да ги положам првите испити во 1913/1914 година.
Најпосле, веќе се подготвувавме да заминеме на распуст, но пред тоа се уште ги користевме убавото време и уште поубавата околина на Виена. Една вечер, чувме во трамвајот како со разни погрдни зборови ги пцујат Србите… ја дознавме веста дека во Сараево бил убиен престолонаследникот Фердинанд. Бидејќи нашето друштво се состоеше од Срби и Босанци, ние се разбравме тајно со поглед и се симнавме на првата станица, плашејќи се да не не препознаат, па така врз нас да го истурат својот гнев. На улицата молкома се договоривме секој да си оди дома и да го причека натамошниот развој на настаните. Така настапи новиот период, кој ја претскажуваше новата војна, нецела година по Втората балканска, во која јас учествував доброволно.
Дома веќе ме пречека предвоеното движење, очекувајќи го објавувањето на војната со која силната Австрија постојано и се закануваше на малата Србија. Тоа не траеше долго. Тој судбоносен час дојде и на малата Србија и беше објавена војна.
Така почна Првата светска војна.

Поднаредник во Првата светска војна
Во Првата светска војна не бев доброволец, туку, со другите младинци, мобилизиран и како бивш доброволец веднаш произведен во чин поднаредник. Со тој чин останав до денес, бидејќи воопшто немам служено војска. Бев мобилизиран како лекарски помошник во Воената болница кај Келекула во Ниш, каде што ноќе работев како доброволец во 1912/13 година. Бев приклучен во хируршкото одделение под началство на угледниот хирург (подоцна професор), санитетскиот полковник доктор Јован Суботиќ. Под команда и упатства на овој прочуен хирург работев трудољубиво и со љубов се до есента на 1915 година, кога се разболев од пегав тифус, кој тогаш беснееше и голтна многу жртви. Јас ја прележав болеста во Окружната болница која беше претворена во Воена болница. Ме лекуваше докторката Халецка, која имаше доста маки и вложи големо трпение со мене, посебно затоа што не сакав да јадам. Благодарение на доктор Бераха, кој тогаш беше лекар на заробените австриски офицери, секој ден добивав шише шампањско, кое го пиев измешано со јајца.
Тоа ми беше единствената храна, а според мое мислење и единствениот лек кој ме одржа во живот.
По оздравувањето, бев поставен на непрекината деноноќна работа во прифатната станица на Железничката станица во Ниш, заедно со колегата Јовановиќ, кој по кратко време се разболе од пегав тифус и почина. Таа прифатна станица беше укината, па бев поставен за шеф на санитетскиот воз.
Кратко време потоа настапи општо повлекување. Ние, кои ги преживеавме тие денови, си спомнуваме со ужас на тоа толку тешко, неуредно и безглаво отстапување пред посилниот непријател што не гонеше. Јас добив наредба да му се јавам на доктор Копша и заедно со него да му се придружиме на Вуковиот одред до Приштина. Отстапувавме преку ридот Прапаштица, на чиј врв легнавме да преноќиме; го разгрнавме снегот и запаливме оган околу кој исполегнавме уморни од дневното пешачење. Некако преспавме, па рано утрината го продолживме отстапувањето и стигнавме во Приштина, која беше преполна со бегалци. Меѓу нив, во две големи згради, и две илјади ранети и тешки болни кои не можеа понатаму да отстапуваат. По наредба на Главната команда, беа оставени петмина лекари и двајца медицинари (јас и колегата Ставра Христиќ), заради предавање на болницата според Женевската конвенција.
Бугарите не сакаа да ја признаат Женевската конвенција, па затоа со другите ме одведоа во заробеништво во Бугарија. За време на прекинот на патувањето, во Софија успеав некако да излезам во придружба на еден стражар, за да се најдам со роднините. Отидов во дуќанот на браќата на доктор Мешулам. мој другар од Виена, кого го познавав уште од времето на Балканските војни. Средбата беше толку срдечна што стражарот кој ме придружуваше, изненаден, дојде со мене во блиската гостилница на заедничка вечера пред да се вратиме во логорот. Кога колегата Мешулам слушнал од браќата дека Нишлијата е заробен, утрината побрзал во логорот, каде што му кажале дека сме одведени во Пловдив. Истиот час Мешулам им телефонирал на другарите во Пловдив, известувајќи ги дека сум таму во заробеничкиот логор. Кога стигнавме во логорот веднаш се јавив кај началникот на логорот, кој не сакаше ни да чуе за Женевската конвенција. Јас излегов протестирајќи, пречекан од неколкумина офицери на кои им укажав дека тоа не е едшствената забелешка упатена до Бугарите на кои Германците не препуштиле на милост и немилост. Не мина ни половина час кога се појави еден чувар на логорот викајќи:
„Кој е медицинарот Аврам Нисим?".
Ме одведе кај командантот на логорот, кој ме пречека со зборовите дека ме бараат на телефон. Мислејќи дека се шегува, пристапив до телефонот и чув: „Нишлија, ти ли си?". По начинот на говорот го препознав колегата, кој се презиваше Бержерано и кој викна:
„Не се плаши, сега ќе дојдам да те ослободам".
Не долго потоа пристигна една кочија со моите колеги Бержерано, Ково, Коен и Калеф. Моите другари поитаа да ме прегрнат, а јас им дадов знак да се оддалечат, бидејќи бев полн со вошки. Ги замолив да ме одведат во турски амам и таму да кажат да изгорат се што носам на мене, а тие да ми донесат нови алишта за да се пресоблечам. Така отидовме до амамот, каде што бањачите добро ме истругаа и избањаа. Потоа, како новороденче. ме фрлија во чист кревет на кој се одморив и испив едно турско кафе, а по него и една студена боза. Кога се вратија другарите, ме облекоа и веднаш настапија прегратките и прикажувањата. Колегата Ково веднаш ми рече дека сум поканет кај нив да бидам гостин една недела, додека не видиме што ќе биде со мене. Јас бев целосно слободен и уживав во љубезното семејство Ково, каде што извонредно се грижеа за мене.
Во меѓувреме, моите другари успеаја да издејствуваат да ми се признае правото на Женевската конвецнија, по што санитетскиот началник ме постави за раководител на болницата во блискиот град Карлово. Малечката општинска болница имаше се на се 50 кревети и само еден доктор, Рималовски, тука интерниран, бидејќи беше руски поданик, а тогаш Бугарија и беше објавила војна на моќната Русија. Мене веќе ш беше познато дска доктор Рималовски е еден од ционистичките водачи во Бугарија, па така уште при првата средба можевме да и се радуваме на идната соработка, која долго време не поврзуваше. Доктор Рималовски беше интерниран со семејството и имаше своја вила во Карлово, каде што летуваше спокојно, така што неговото интернирање, всушност, беше привидно, само формално.
Јас почнав да работам во болницата, изгледа на задоволство на шефот и на локалните власти, па во слободното време го научив бугарскиот јазик, така што својата преписка можев да ја водам на бугарски, факт што остави голем впечаток кај сите. Кога еднаш доктор Русо, началник на Санитетот, ја посети болницата, мислејќи дека сум Бугарин, ме предложил за одликување, а потоа не можеше да поверува дека сум Србијанец. Често бев гостин во семејството Рималовски, каде што ги запознав нивните пријатели Папазови, кои ме научија да играм бриџ, по што двапати неделно имавме бриџсеанси: еднаш кај Рималовски, еднаш кај Папазови, кои имаа своја вила за летување во Розовата Долина (како што го нарекуваа Карлово со околината). Во Карлово останав до летото на 1917 година, кога ме префрлија во Шумен таму да го спречувам пегавиот тифус кој беснееше во околината. Бидејќи знаеја дека ја имам прележано таа болест, ме сметаа за некој вид специјалист за нејзиното спречување.
Тогаш, дојде крајот на Војната со пробивот на Солунскиот фронт9 и со предавањето на Бугарија. Јас не ја дочекав наредбата за ослободување, туку веднаш се качив на воз и отидов во Софија, а по неколку дена до Цариброд (денешен Димитровград), гранична станица со Бугарија. Од Цариброд продолжив пешки во придружба на голем број интернирани, меѓу нив и владиката Никанор, кој беше интерниран уште во почетокот на Војната. Одев пешки до Нишка Бања, каде што стариот пријател Живко ми даде коњ, па така одјавав до Ниш, каде што се изненадија колку брзо сум се ослободил. Се разбира, на радоста и немаше крај, потрчаа сите роднини, пријатели, другари да го видат вечниот воин, кому не му даваа можност еднаш веќе да стане лекар.

Во Базел, Швајцарија
Утредента се јавив кај воените власти и ги замолив да ме ослободат од воена служба, да ми дозволат веднаш да студирам во Франција, бидејќи во Виена веќе не примаа Срби. Ми укажаа посебно внимание, зашто бев првиот заробеник што се враќа. По една недела веќе ги добив сите потребни документи и дозволата да отпатувам за Солун. Кога се пријавив во Солун, со еден наш поручник бев упатен во военото пристаниште Итеја, каде што требаше да причекаме еден воен брод да не префрли во Франција. Во Итеја, ние двајцата во нови воени униформи чекавме во друштво на француски офицери десетина дена, додека не дојде бродот кој не однесе до едно воено пристаниште во Франција. Оттаму тргнавме со воз за Париз, со нрекин на патувањето од еден ден во Ница и тоа токму на Новата 1919 година.
Утредента дојдов во Париз. Уште пред тргнувањето од Ниш ми рекоа да се јавам во Париз во нашата Делегација која се наоѓа на булеварот „Осман". Точно запишав како го изговорија. Кога застанав на „Етуал", од каде што почнуваат сите булевари, видов дека нема „Осман". Се вртев цел саат се додека еден полицаец не ме праша што барам, по што ми покажа на таблата на која со големи букви пишуваше Боулевард Хаусман. А јас како „одличен познавач" на францускиот јазик, убаво му се заблагодарив со наведната глава и побрзав во нашата Делегација. Кога влегов, како да бев паднал од ведро небо, бидејќи изгледа дека бев меѓу првите кој дошол од поробена Србија. Згора на тоа, какво изненадување кога некој ме прегрна и извика:
„Ти ли си тоа, Авраме мој?", а тоа не беше никој друг туку Михаило Бобиќ, бивш директор на Нишката гимназија, каде што матурирав во 1910 година. Тој мој бивш директор сега беше началник на Министерството за просвета, па како на заслужен војник ми одобри стипендија и ме упати привремено во Лозана да чекам до септември, а потоа, според договорот, да преминам во Базел и да се запишам на тамошниот Медицински факултет, каде што подоцна, во 1922 година ги завршив студиите и добив диплома на лекар на 22 март.
Мојот престој во Базел во секој поглед беше извонреден. Имав богата стипендија која ми дозволуваше не само безгрижна работа, туку и на другите да им помогнам. Стапив во врска со другарите од „Есперанса" кои беа принудени да ги продолжат студиите во Прага, каде што, како последица на Војната, владееше сиромаштија, па затоа често им праќав по некој пакет со производи. Посебно му помагав на колегата Елијас Овадија, бидејќи бев известен дека тој е во голема немаштија. Во Базел бев член на Управниот комитет за помош на еврејските студенти во друштво на Ирма Гогенхајм, Ејснер и Галински. Го можев тоа, сеќавајќи се на мојата немаштија за време на студентските денови во Виена.
Студиите ги следев трудољубиво, посебно предметите на интернистот проф. Штелин, на хирургот Холст и на професорот по гинекологија Еабхарт, кај кого на крајот од студиите ја напишав и ја отпечатив докторската дисертација.
Што се однесува до студирањето во Швајцарија, констатирав извесна мала разлика во тоа што односот на студентите спрема професорите е поинтимен отколку во Виена, каде што професорите имаа илјадници слушатели, додека универзитетите во Швајцарија примаа одреден број студенти кои им беа познати на професорите, така што меѓу нив имаше поголема колегијалност. Професорот Штелин, на пример, повеќепати ми беше гостин на турско кафе, што го варев специјално за него. Престојот во Базел беше без посебни настани.
Се сеќавам само дека учествував на еден голем собир, каде што го интервјуирав Нахум Соколов за неговиот став спрема сефардското движење, при што тој ми рече дека го одобрува движењето и дека му е позната „Есперанса" со нејзините цели кои тој ги смета з'а сепаратизам.

Лекар во Скопје ч женидбата со Матушка
Со дипломата в рака побрзав назад во Југославија, каде што во Белград се пријавив во Министерството за народно здравје, од каде што бев упатен да стажирам во Окружната болница во Скопје. По краткиот престој кај моите во Ниш, појдов на новата должност во Скопје, каде што по завршениот стаж останав како приватен лекар, па така јас нишлијата бев скопјанец од 1922 до 1948 година кога со семејството се преселив во „староновата татковина" Израел.
Во Скопје се снајдов, бидејќи најдов една голема еврејска заедница, која со задоволство го прими првиот еврејски лекар, плус тоа и Сефард, кој го зборуваше нивниот јазик и ги познаваше нивните обичаи. Додека го завршував стажот, во почетокот на 1923 година, кај мене дојде другарот Мони Леви, па без многу заобиколувања ми ја понугарот Мони Леви, па без многу заобиколувања ми ја понуди својата внука од сестра Матушка, ќерка на Хаим Варон од Ниш, за жена. Јас без многу размислување се свршив со мојата идна сопатничка Матушка. Бидејќи никогаш не бев материјалист, не го ни прашав Мони за какви било парични услови, а тоа на мојата идна баба изгледа и оставило добар впечаток и оттогаш секогаш повторуваше дека сум бил џентлмен во вистинска смисла. Истата година Мони мораше да замине во Виена на операција, па ме поведе со себе, за да му се најдам. Знаејќи дека немам пари, тој по операцијата ми понуди заем за да можам да купам комплет инструменти за нова амбуланта, што имав намера да ја отворам во Скопје.
Кога се вратив од Виена, најдов стан, ја подготвив амбулантата и ја започнав мојата приватна практика, која главно се состоеше во посета на болните во нивните куќи, бидејќи скопјани повеќе беа навикнати на домашни визити.
Во меѓувреме, Матушка и јас решивме да се земеме, па го одредивме денот на венчавањето: 25 јуни 1923. Откако се свршивме, често одев да ја посетам свршеницата, па така кај нејзините ноќевав, гоштеван со многу љубов, посебно од страна на идната баба Наталија, „заљубена" во мене повеќе отколку свршеницата, која сиуште не умееше да го сака својот иден сопатник. Си уште беше неискусна, имаше само 19 години, и тие поминати во патријархално семејство.
Како што бевме решиле, се венчавме на 25 јуни 1923. Свадбата беше величествена: со елегантна кочија, околу 10 часот претпладне се одвезовме од станот на таткото на невестата Хаим Варон, а по венчавката се вративме во станот на сестра ми Ребека Мандил, каде што ги примавме честитките од многубројните роднини и пријатели.
Потоа, според предвидениот план, бевме испратени од Железничката станица на свадбено патување до Белград, а оттаму во странство.
Но, патувањето во странство некако се изјалови, па така медениот месец го поминавме на Палиќ, летувалиште во близина на Суботица. Поминавме како што само може да се замисли, три недели, а потоа отпатувавме за Скопје. Во станот кој веќе беше среден, не пречека мајка и на Матушка, Наталија, која мене ми стана втора мајка. Таа остана десетина дена, додека целосно не не среди, а потоа не остави со љубезен поздрав на збогување до следниот пат. Таа многу често не посетуваше, така што во Ниш и Скопје кружеа гласови дека купила годишен билет за патување со воз.
Почна мојата лекарска практика, моето лекување на болните, мојот долгопосакуван ден за оние кои очекувале нов лекар со поинаков начин на лекување од оној на кој биле навикнати дотогаш. Се разбира, јас се трудев да ги убедам во тоа. На секој повик итав што побрзо да дојдам кај болниот, бидејќи во Скопје долго време практиката се состоела од домашни визити, зашто обично докторот го викале да му помогне на болниот во неговиот стан. Веднаш станав омилен кај народот, бидејќи не одбивав ни ноќе да појдам на повик, она што другите лекари не го правеа со задоволство.
Покрај приватната практика, прифатив да работам во амбулантата на Окружното биро за осигурување на работници и на тој начин си обезбедив постојан месечен приход. Приватната практика постојано напредуваше. Бидејќи кај неколку деца постигнав добар успех, ме прогласија за специјалист по детски болести. Тоа важеше се до 1929 година, кога како специјалист за детски болести дојде мојот шура, доктор Бора Варон. Оваа моја работа не траеше долго, бидејќи есента на 1923 година веќе бев избран за градски општински лекар на Скопје. Во Санитетското одделение на општината имаше неколку лекари заедно со шефот, доктор Ставридис. До тој мој брз скок во јавниот живот на Скопје дојде случајно и како однапред да ја одреди мојата судбина, па тоа поопширно и подетално овде ќе го наведам.
Една вечер, кон крајот на септември, отидовме Матушка и јас на пиво во „Српски крал", седнавме на масата десно од влезот и ги забслежавме на друга маса, лево од влезот, великодостојниците на Вардарска Бановина. Не мина долго време, ни пристапи на маса сопственикот на „Српски крал" и ни кажа дека го пратил министерот Узуновиќ за да го замоли господинот доктор со госпоѓата да му се придружи на неговата маса. Јас не го имав забележано министерот кај влезот, кој седеше во друштво на банот и на високи чиновници. Кога со Матушка се приближив до нивната маса, министерот стана, и ја бакна раката на Матушка, а мене ме прегрна и извика:
„Зар ти, мој Авраме, си во Скопје?".
Ја седна Матушка покрај жена му на банот, а мене меѓу банот и него. Потоа почна надолго и нашироко да ме фали, зборувајќи за моето минато како младинец:
Што се однесува до Еврејската заедница во Скопје, меѓу скопјаните најдов само малку интелектуалци, бидејќи дотогаш не беа стасале да ги посетуваат српските училишта. Имаше меѓу нив неколкумина кои за време на Турците учеле во Солун, другите беа добри трговци, некои од нив прилично богати, кои водеа голема трговија преку своите врски во странство, главно со Солун, од каде што потоа и дошле во Скопје. Неколкумина Евреи активисти беа дојденци, меѓу кои морам посебно да го истакнам Јосиф Амодај, кој едно време беше застапник на банката „Були", а подоцна директор на големата текстилна фабрика „Браќа Ароести". Јосиф Амодај во 1928 година го доведе и брата си, доктор Сима Амодај, како втор по ред лекар Евреин во Скопје.
Покрај него, го најдов и Јосиф Бехар, приштинец, кој по завршениот семинар во Палестина студирал во Виена, годинадве бил учител по иврит10, а јас го затекнав како директор на Еврејското училиште.
Го затекнав и Мориц Алкалај, директор на рудникот „Хромасео", чиј сопственик беше основал акционерско друштво во кое учествуваа Ерсхите од Виена и неколкумина Швајцарци. Јас бев прилично зафатен со лекарската работа, така што не можев да се занимавам со јавните работи на Еврејската заедница; освен што извесно време, како член на Управата, влијаев за подобрување на неуредната состојба во Еврејската општина. А сета работа на полето на ционизмот ја презеде трудољубивиот Јосиф Бехар, имајќи во тоа многу признат успех.
Модернизиран еврејски јазик, денес во службена употреба во Израел.

Вистинскк медeн месец
Семејството ми се прошири. Мојата женичка роди, па така на 19 февруари 1924 година станав татко на малата Шарика. Баба Наталија, за жал, не стигна да присуствува на породувањето, но побрза потоа и остана кај нас до летото, кога ги одведе Матушка и Шарика на летување во Ниш, односно во Нишка Бања. Кога се вратија од летувањето, дојде и баба Наталија и остана во Скопје 23 месеци.
Јас почнав да размислувам како на мојата млада женичка да и пружам малку задоволство. За првиот роденден на мојата Шарика, се разбира, дојде и баба Наталија и остана во Скопје. Еден дсн јас ја запрашав дали таа би ја одвела Шарика цел месец во Ниш, а ние да отпатуваме во странство за да го надополниме загубеното свадбено патување. Се разбира, таа со двете раце го прифати тоа, па така јас и мојата женичка отпатувавме во Грција. Патувањето во Грција беше многу успешно. Првите петнаесет дена ја пропатувавме цела Грција и ги посетивме сите споменици и старини за кои претходно имавме само читано. Другите петнаесет дена се одморавме во Волос, според убавините на природата, величествено место, каде што го поминавме нашиот пропуштен меден месец. Да можев да го продолжам отсуството, ќе останевме уште во Волос.
Но, пациентите веќе ме чекаа, а должноста си е должност, па така, сакалсне сакале, тргнавме назад во нашето Скопје. Бевме и во Атина, купивме многу убави, ретки подароци, поради кои на царинарницата во Гевгелија имавме мали непријатности, но се тоа добро заврши, па така се вративме во Скопје, каде што не дочека баба Наталија со Шарика која како наеднаш да беше порасната, проодена и разбрборена како возрасна. Изгледа дека Ниш и годел. А откако по прегратките и бакнежите го извадивме од куферот првин подарокот за нашата мила Шарика, и немаше крај на нејзината радост кога ја прегрна големата кукла Ленчика, италијански производ, прочуена во цел свет по нејзината убавина и одлична изработка. Таа својата Ленчика ја чуваше се додека не стана гимназијалка.
Откако баба ни ја предаде нашата миленичка, остана кај нас уште десетина дена додека не се потсредивме, а потоа не остави. Јас, се разбира, почнав со посетите на болните, кои нестрпливо ме очекуваа и и се вратив на должноста општински лекар. При враќањето од пат, ме изненади пријатната вест дека сум избран за лекар на рудникот „Хромасео", со што добив уште еден месечен хонорар, а угледот меѓу лекарите ми скокна, така што на изборите во Лекарската комора бев избран за член на Дисциплинскиот суд, што значеше голема чест за еден новодојден лекар. Мене работата се повеќе ми се развиваше, па како реванш за тоа што често свикував конзилиум (што тогаш беше некако модерно), бев повикуван од постарите лекари на конзилиум кај нивните пријатели. Така и кај неЕвреите почнав да уживам глас на добар и совесен лекар.
Кога на вториот роденден на Шарика во 1926 година дојде баба Наталија, некако го наведе разговорот дека можеби би можеле да најдеме некој поудобен стан, а јас и реков дека ќе се потрудам околу таа работа, иако во тогашни услови тоа беше тешко. Кратко време потоа некако молкома се договоривме мојата женичка да остане бремена и весела да отиде на летување во Ниш, односно во Нишка Бања, прочуено радиоактивно лекувалиште и летувалиште на нишката елита. Јас ја посетував речиси секоја недела, освен ако не ме спречеше некој тешко болен кого не можев да го оставам сам. Во Ниш, баба Наталија и дедо Хаим беа воодушевени, па идната родилка едноставно ја обожаваа. Кога се врати од летување, мојата женичка беше толку убава што нејзините пријателки сакаа да ја проголтаат со погледот. Јас ја продолжив катадневната лекарска работа и почнав да штедам по малку, што остави извонреден впечаток кај родителите на жена ми.
Во меѓувреме се приближи денот на породувањето, па баба Наталија дојде порано, за да биде поблиску до својата миленичка. Осамна мојот роденден 19 декември, а тоа исто утро (19 декември 1926) мојата мила женичка го роди нашиот син, величествен подарок на својот сопруг за неговиот роденден. Породувањето течеше без тешкотии, така што веднаш почнавме подготовки за Брит Мила (обрежување), чин на кој ги викнавме сите наши од Ниш, а ни дојдоа и гости дури од Белград.
Во посета првпат дојде и татко ми, кој порано не доаѓаше бидејќи сметаше дека кај нас нема доволно кошер (кашер)п, и така стана кум на својот внук, кој го доби неговото име Нисим. Ми беше чудно што другиот дедо Хаим
Храна дозволена со еврејските верски прописи.
дојде за обрежувањето три дена пред прославата, но објаснувањето за тоа го дознав дури на денот на прославата, кога ми пристапи, ме бакна, а потоа ми предаде едно големо плико во кое беше тапијата за плацот спроти нашиот стан, на две алеи кои пред тоа му припаѓаа на доктор Ставридис. Тапијата беше преведена на мое име со искрена желба тука да изградам нова куќа во која ќе порасне неговиот внук. На мојата и на радоста на Матушка им немаше крај, а пристигнатите гости почнаа да ни честитаат мене и на дедо Хаим за толку големиот подарок.
Баба Наталија остана речиси три месеци во Скопје, па така заедно планиравме каква куќа да кренеме на толку погодниот плац. Се разбира, притоа ги зедовме предвид мојата заштеда и тогашните поволни услови на Хипотекарна банка, која штедро даваше заеми за да може Скопје што побргу да се развие во голем репрезентативен центар, во престолнина на Вардарска Бановина.
Откако решивме да изградиме индивидуална куќа на два ката, го ангажирав тогаш познатиот архитект (Иван з.ред.) Артемушкин да го изработи планот според нашата желба, без разлика на финансиските околности, што тој го искористи добро за време на планирањето, бидејќи направи план за велелепна двокатница, која долго време служеше како пример за успешен архитектонски проект. Откако го заврши планот кон крајот на 1927 година, ми даде неколку копии за претприемачите, кои требаше да ми достават понуди. Мене ми беше дадена пресметка, со забелешка дека изнесува од 330.000 до 340.000 динари. Јас им ги дадов плановите на разни претприемачи, барајќи им понуди, но се случи нешто непредвидено понудите беа 400.000 динари. Побрзав до архитектот, па при ревизијата на пресметката испадна дека во неа имало една мала грешка. Нашиот архитект Артемушкин едноставно се извини, но јас морав малку повеќе да се стегнам (без да им зборувам на претприемачите за таа мала грешка). Кога му ги покажав на Артемушкин сите понуди, молејќи го за мислење кому од претприемачите да му ја доверам изградбата, тој ми ги препорача двајцата браќа Цветковиќ, со кои, според неговото мислење, вреди да се склучи договор. И така јас го повикав тоа претпријатие и го склучив со нив следниов договор:
Тие се обврзуваат да ми ја изградат куќата во рок од 100 дена за сума од 420.000 динари, под услов секоја сабота да им исплатувам по 20.000 динари, за да ги исплаќаат работниците, а останатото при предавањето на клучевите. Така, со божји благослов, на 1 јули 1928 година почна изградбата на нашата идна резиденција.
Изградбата на куќата се одвиваше по својот тек, а јас ја продолжив работата со полна пареа, имајќи ги предвид трошоците што ми претстоеја. Матушка со децата ги пратив на летување во Ниш и Нишка Бања, а јас, како општински лекар и лекар на рудникот, постојано морав деноноќно да бдеам над приватните болни. Сето тоа јуначки го издржав и правев, така што сите и се восхитуваа на мојата умешност и трудољубивост. Кога темелите беа готови, ми се јави претприемачот, извинувајќи се, со молба да му позајмам 20.000 динари, бидејќи се јавила шанса да ја купи по поволна цена потребната количина железо, а тие не располагале со готова сума пари. Убеден дека работам со чеснилуѓе, а имајќи можности, им излегов во пресрет и им дадов, без обврска, 20.000 динари. Таа моја широкоградост резултираше со вредна работа на претприемачите, кои не можеа да ја заборават мојата готовност да им помогнам со пари во даден момент.
Едно утро кон крајот на септември се појавија двајцата браќа Цветковиќ во придружба на нашиот свештеник Моше и ме замолија да слезам со жена ми и децата пред главниот влез на новата куќа, бидејќи дошле да ми ги предадат клучевите на завршената куќа. Матушка неколку дена пред тоа се врати од летување, па набрзина се стокми, слеговме сите заедно и застанавме пред главниот влез на новата куќа, каде што претприемачите не чекаа и ни ги предадода клучевите со извикот:
„Нека е со среќа", а потоа му се обратија на свештеникот кој ја закова мезузатап на влезната врата и честиташе со „Бе Мазал Тов" (Со добра среќа). Претприемачите заковаа над ѕвончето една мала емајлирана табличка со натписот: др Аврам Нисим.
Откако ја отклучивме влезната врата, тргнавме, прва Матушка, по неа децата и јас, а по нас свештеникот Моше со претприемачите, и се искачивме на горниот кат од нашиот иден стан. На нашата радост и немаше крај, се избакнавме леејќи солзи радосници, а претприемачите беа донеле колачиња и слатко, па така убаво се почестивме.
2 Метално кутиче со текст од Тора, што стои заковано на вратите од еврејските куќи.

Куќа и амбуланта
Не можам да пропуштам да не ја наведам следната изјава на претприемачите:
„Драги докторе, како што гледаш, ние куќата ти ја завршивме пред договорениот рок од сто дена, затоа што тоа ни го овозможи ти со твојата пресретливост и добра волја. Ние во оваа пригода повторно ти се заблагодаруваме, бидејќи со твојата позајмица заштедивме цели 10.000 динари, со купувањето на добро и евтино железо".
Сега почнавме со селењето и комплетирањето на мебелот, кој во стариот стан беше прилично сиромашен, бидејќи таму немавме простор за повеќе мебел. Првин ги уредив амбулантата со чекалницата и нуспросториите, одвоени од станот, на долниот кат, поврзани со споредни скали со станот на горниот кат. Прифатив да бидам лекар на Белградската трговска младина, која отвори своја филијала во Скопје, каде што се префрлија многу членови на Окружното биро за осигурување на работниците, како и работниците на рудникот „Хромасео", каде што порано бевлекар.
Дадов оставка во Градската општина и го препорачав доктор Сима Амодај, еден од тројцата Евреи лекари кои дојдоа во Скопје во 1928 година. Исто така, по моја препорака, беше примен мојот шура доктор Бора Варон за специјален детски лекар на општинскиот санитет, додека третиот, доктор Хаим Абраванел, добил служба на училиштен лекар на гимназијата и на интернатскиот дом „Крал Александар". Јас тогаш отпатував во Белград за да потпишам договор со Белградската трговска младина, па во таа пригода купив една убава детска соба и ја набавив најдобрата печка за греење „Зефир". Кога се вратив од Белград, ме пречека необично големо пријатно изненадување дедо Хаим веќе беше наместил во дотогаш празниот салон една кожна гарнитура и една голема калиева печка со емајлирани плочи. На нашата радост и немаше крај. Кога му се заблагодарив на дедо Хаим за таквиот голем и убав подарок, тој ми одговори дека тоа сум го заслужил со трудољубивоста и љубовта кон сестричката Матушка (тие секогаш кај нив дома ја викаа сестричка).
Во Новата 1929 година ја отворив амбулантата во која прв влезе мојот пријател Мориц Алкалај директор на рудникот, со голем букет цвеќе и ми посака среќна и благотворна работа во неа. Со него влезе уште и мојот стар другар од „Есперанса", кој тогаш во Скопје беше адвокатски приправник доктор Силвио Барух од Сараево. Тој ми донесе голема кутија марципан. Веќе ме чекаа неколкумина пациенти, кои кога влегуваа изјавуваа дека се радосни затоа што нивниот лекар отвора своја сопствена амбуланта.
Сега во сопствената куќа, која ја уредивме многу убаво и вкусно, настапи уреден живот. Најпосле имавме можност да ги примаме пријателите, кои не имаа задолжено со своите покани, зашто во стариот стан ние не можевме да им се оддолжиме.
Почнавме да каниме гости, а мојата Матушка приредуваше журеви за многу свои пријателки, кои ги беше стекнала минатите години откако се бевме доселиле во Скопје. Ние, така да се каже, веќе станавме скопјани.
На 13 април 1939 година, Друштвото на Црвениот крст од Скопје го известило др Аврам Нисим дека е избран во посебниот одбор „за изградба на дом на Црвениот крст во Скопје и Домот, според можностите, во текот на оваа година ќе биде доврисен и опремен… Собранието Ве избра во овој одбор, сметајќи Ве како еден од најуѓледните членови и соработници на Друштвото на Ц.к. и верувајќи дека нашата соработка значајно ќе придонесе за успехот на споменатата акција. Одборот има чест да Ве извести за овој избор и да Ве замоли да ја ирифатите доверената должност и да го вложите сиот својуглед заради постигање на што поголем успех…".
Јас, без оглед на тоа што беа придојдени уште тројца Евреи лекари, ја продолжив работата како и пред тоа. Скопје брзо се развиваше, па така имаше работа за многу поголем број лекари отколку во поранешните години. Меѓутоа, јасја продолжив работата и во јавниот живот, како во Еврејската заедница, така и во општествениот живот на Скопје, што не беше случај со тројцата придојдени лекари, кои се занимаваа со приватна лекарска работа. Јас бев член на Управата, подоцна претседател на Еврејската општина, член на Управата на Лекарската комора, член на Управата на Црвениот крст, одборник на Градската општина. Згора на тоа, соработував со водачите на ционистичкото движење, меѓу кои главен беше Јосиф Бехар, бивш главен просветен инспектор на Еврејската општина. Воопшто, кај власта и кај различните установи важев за претставник на скопските Евреи, кои тогаш ги имаше близу 4.000 души.
Уживав голем углед и доверба, како кај надлежните власти, така и кај сите здруженија и организации, кои постојано ме молеа за совет и соработка. Сакам да наведам една случка, веројатно единствена, за довербата што ми ја укажаа. По молба на Даночната управа на Лекарската комора, Комората ме определи за советодавец при одредувањето на даноците за лекарите во Вардарска Бановина. Тоа беше голема чест, а должноста ја извршував на општо задоволство од двете страни, бидејќи Даночната управа секогаш ги прифаќаше моите предлози и долга низа години немаше ни една жалба. Јас, и покрај сите тие обврски, продолжив со својата лекарска работа и постојано придобивав нови пациенти меѓу жителите на Скопје и целата околина, бидејќи веќе бев прочуен како добар народен лекар.
Додека уште сум кај довербата што ми се укажуваше во сите случаи, сакам да наведам еден настан, иако тој се случи уште во почетокот на мојата лекарска практика. Една ноќ некој затропа на мојата врата, а кога отворив видов преплашен Албанец, кого го познавав од видување. Ме молеше да појдам со него, зашто кај нив едно момче се задушувало. Јас поитав полуоблечен, со лекарската чанта в раце. Кога влегов кај нив, видов многу жени околу едно дете кое се грчеше и одвај дишеше. Констатирав дека се работи за дифтерија, му вбризгав серум и малку ги смирив, велејќи им дека на детето му го дадов она што е најдобро против таа болест и останав цели два часа покрај него, додека настапи дејството на серумот и момчето почна нормално да дише.
Ги прашав како дошле на идеја да ме повикаат, кога спроти нив живее доктор Ставридис. Ми одговорија дека отишле кај нивниот домашен лекар доктор Креј, кој не можел да дојде, но им советувал да го повикаат доктор Нисим. Ова го наведувам за да покажам дека уште од почетокот на практиката уживав доверба кај постарите колеги, што ми даваше поттик во благородната работа на лекар кој штотуку почнал да работи. Утредента отидов до доктор Креј да му реферирам за случајот со неговиот пациент, заблагодарувајќи му се на препораката и молејќи го тој да го продолжи понатамошното лекување. на што доктор Креј ми одговори: ,Драги колега, јас мислам да престанам со домашните посети на пациенти и ќе примам само во ординацијата, а ова е погоден момент да те замолам да примиш на лекарска фижа две албански семејства, Беќир Емини со браќата и нивните роднини, и семејството на Мухамед Шабан Паша, на кои долги години им бев домашен лекар. Ако некогаш ти биде потребен мојот совет, секогаш ти стојам на располагање".
Така станав домашен лекар на албанските првенци, велесопственици, кои беа сопственици на две села на албанската граница, а покрај тоа и сопственици на голема воденица на Вардар. Во нивните куќи оттогаш не влезе друг лекар се до Втората светска војна, кога се преселија во Албанија, која беше окупирана од Италијанците.
Како што наведов порано, ја продолжив трудољубиво мојата лекарска работа во согласност со сите околности што ми се укажуваа. Почнав да канам гости, па така на Песах13 во 1929 година објавив во локалните весници дека примам честитки во новиот стан. На таа покана се јавија сите пријатели и познати, така што неделата претпладне вриеше од посети. Меѓу првите посетители беа митрополитот Јосиф и командантот на Армијата. Повеќето од посетителите првпат влегуваа во новиот стан и се восхитуваа на неговата убавина, удобност и среденост. Приемот беше во секој поглед свечен и достоинствен, на општо задоволство, како на домаќинот така и на гостите, кои тоа го изразуваа на одење.
Животот и понатаму си течеше по својот тек, се додека мојата поубава половина еден ден во пролетта на 1931 година не ме израдува со новоста дека по се изгледа во новата куќа ќе добиеме уште еден член на семејството. Се разбира дека таа вест многу ме израдува, ја бакнав жена ми со зборовите:
„Фала му на Бога, место, удобност и можност имаме, а покрај тоа имам и јунак жена која без предумисла решава за тој наш прираст на семејството".
Потоа ја испратив мојата слатка женичка повторно во Ниш и Нишка Бања, заедно со Шарика и Ниџа, кои веќе беа пораснати и беа заедно со мајка им предмет на општо внимание и љубов од страна на бабата Наталија и дедото Хаим. Кога се вратија од летување, Шарика веќе појде во основно училиште, а Ниџа почна да го посетува првото одделение во Француското училиште кај господин Доер, така што Матушка беше слободна со помош на послугата да го води домаќинството. Пред Божиќ, баба Наталија побрза за да не задоцни за породувањето на Матушка, кое се приближуваше. На 25 јануари 1932 година мојата женичка ни подари мала слатка жива кукличка, малечката Наталија. Но, дедо Хаим му се противстави на тоа име, бидејќи не било еврејско. Дедо и и го стави вистинското еврејско име Нили, кое таа гордо го носи и денес, за радост на сите нас. Породувањето беше во секој поглед нормално. Малата Нилика растеше и напредуваше не задавајќи ни многу грижи, а Сара и Нгша само што не ја голтаа со своите погледи, кога се враќаа од училиште. Така продолжи животот на зголеменото семејство Нисим.

Претседател на Еврејската општина
Нашиот живот течеше по својот тек, го минувавме прилично лесно, малку раскошно но без расфрлање, бидејќи таков живот ни дозволуваа околностите.
Благодарност за соработката и конкретната помош околу Галилската акција, др Нисим добил од Еврејскиот народен фонд од Загреб на 17 јануари 1939 ѓодина:
„Многупочитуван господине претседателе, Господинот Мо1иа С. де Мајо не извести за својот престој во Скопје каде што како наш делеѓат ја инаугурираше Галилската акција. Во својот допис тој не може доволно да ги истакне Вашата заслуга за успехот на акцијата, Вашата иредаденост и Вашата активност како на псеренот. така и во Синагогаиш, каде што одржавте воведен збор… Земската уирава на Керен каемет лејисраел за Југославија Ви изразува целосно признание и благодарност. Примете изрази на нашето големо иочитување. Шалом".
Овде, во автобиографијава, треба да уфрлам нешто што нема директна врска со мене, но подоцна малку влијаеше врз натамошниот тек на мојот живот.
Се случи ужасно злосторство, кога 16годишниот син на Моиз Асео го уби татка си, сопственик на рудникот „Хромасео", во хотел во Солун, каде што неговиот татко живеел со љубовницата. Нема опширно да пишувам за случката, туку само сакам да наведам дека бев назначен за старател на децата на покојникот (три сина и една ќерка), така што по тој настан морав да се грижам и да ги бранам интересите на тие сирачиња.
Важен пресврт во мојот живот настапи кога во 1935 година бев избран за претседател на Еврејската општина во Скопје. Ја прифатив должноста и веднаш почнав со реорганизација на несредената Општина. Прва грижа ми беше да го отпуштам тогашниот секретар, еден пензиониран учител, кој беше под влијание на поранешниот претседател Јосиф Арие. Тој работеше според неговите упатства, без никаква волја Општината да ја уредува како еврејска. За секретар веднаш го ангажирав младиот Пепо Алалуф, кој имаше завршено на белградската Трговска академија, еден од првите скопјани кој беше во Младинското движење. Така, Еврејската општина влезе во редот на ционистичките општини и тоа во Сојузот на општините во многу пригоди со благодарност ми беше признавано. За разлика од поранешната Општина, која беше постојано во дефицит. веднаш беа средени финансиските состојби, а, што е најважно, почнавме да ги помагаме младинските движења „Хашомер Хацаир" и „Техелет Лаван".
Кратко време по стапувањето на должноста, заедно со битолчани, пративме една група младинци во Ерец14, каде што им се приклучија на разните кибуци15 и мошавм16, како вистински македонски пионери.
Се одеше според својот тек, додека во 1938 година злогласниот Хитлер не почна со прогон на Евреите, како во Германија, така и во присвоената Австрија. Нашите браќа почнаа да бегаат за да се спасат од канџите на тој крвник. И во Југославија антисемитизмот крена глава, па така се почна со антиеврејски мерки.
Во тоа време во Скопје дојдоа Арон Алкалај и уште еден член на „Бне Брит" (евр. за „Синови на сојузот") и во мојот стан одржавме состанок со триесетина скопјани на кој едногласно решивме во Скопје да се основа ложа на „Бне Брит". На крштавањето на ложата требаше да дојде ложата од Нови Сад, но скопската ложа беше мртвородена, бидејќи набргу беше укината.
Др Аврам Нисим во 1939 година бил избран за член на Главниот одбор на Сојузот на еврејските вероисповедни општини на цела Југославија, за што бил известен со официјален документ:
„ Белград, 27 апрш 1939. До господинот др Аврам Нисим, лекар, Скопје. Почитуван господине, Имам чеап да Ве известам дека VII конгрес на Сојузот на еврејски
те вероисповедни општини Ве избра за член на Главниот одбор. Соопштувајќи Ви го овој избор ја изразуваме нашата надеж дека Ваишта соработка ќе придонесе за постигнување колку што може подобри успеси во животот на нашиот Сојуз за доброто на целата заедница. Шалом".
Првиот бегалец кој помина низ Скопје, навреме засолнувајќи се од она што ги очекуваше нашите браќа, беше мојот другар од Виена, стар член на „Есперанса", доктор Менаше. Една вечер, враќајќи се околу полноќ од седенката кај белгискиот конзул, ме пречека девојката помошничка да ми јави дека ѕвонел доктор Менаше од хотелот „Метропол". Јас мислев дека е некоја грешка, но сепак утредента телефонирав во хотелот „Метропол", прашав дали кај нив е отседнат доктор Менаше и ги замолив телефонски да ме поврзат со него. На моето изненадување му немаше крај, бидејќи го немав видено од 1923 година. Веднаш поитав во „Метропол", каде што тој ми кажа се што се случува во Германија. Плашејќи се тоа да не се случи и во Австрија, тој решил навреме да побегне од Виена, па така сега бил на пат за Палестина. Бидејќи тој беше турски поданик, немаше потешкотии околу добивањето виза.
Повторно се видовме дури во 1948 година кога со жената и децата дојдов како Оле Југославија во Ерец Израел; тоа е новодоселеник во земјата Израел; евр. оле = новодоселеник, буквално значи качување, оној кој се вселува во Израел се качува кон нешто возвишено. Животот во Скопје течеше и понатаму на ист начин. Јас ја продолжив својата работа, како приватната, лекарската, така и општествената, како претседател на Еврејската општина. Навистина, ги следевме настаните во Германија и во окупираните Че.хословачка и Полска, но се залажувавме со надежта дека нас кобната судбина ќе не избегне. Меѓутоа, таа надеж се изјалови. Хитлер веќе беше склучил сојуз со Бугарија, па така на ред дојде и нашата Југославија. Бидејќи Југославија се противстави на тоа, Германија на 6 април 1941 година го бомбардираше Белград, а веднаш потоа и Скопје.
Посебна благодарност др Нисим добил и од Фондот за обнова на Палестина со седиште во Белград (8 јули 1940):
„Многупочитуван господине претседателе. Го пршливме извештајот на нашите пратеници… за заедничката акција на Керен каемет и Керен хаесод во Скопје. По тој повод чувствувам искрена должноап најсрдечно да Ви се заблагодарам, многупо читуван господине претседателе, на љубезноста, помошта и соработката што им ги укажавте на пратениците во нивното извршување на значајната задача. Убедени сме дека Вие и во иднина ќе ја помагате нашапш работа. Остануваме со братски поздрав. Шалом".
Со оглед на фактот што во оваа автобиографија немам намера да пишувам за политиката, преминувам на мојата понатамошна работа во Еврејската општина.
Фашистичката окупација
Германците го пробија фронтот кај Страцин и бргу влегоа во Скопје. Веднаш им ги дадоа на Бугарите цела Македонија и еден дел од Јужна Србија, до Владичин Хан и Врање. Првата наредба на окупаторската власт гласеше:
„Сите жители на окупираната територија стануваат бугарски поданици освен Евреите и Циганите".
Таа прва наредба на окупаторот беше предзнак за она што не очекуваше. Бугарските Евреи веќе пратија двајца претставници за да ни се најдат при рака, докторот Буко Леви, член на Адвокатската конзисторија, и просветниот референт на конзисторијата на „Наво", кои ни помогнаа при пополнувањето на разни декларации. По нивни совет, решивме да пратиме делегација во Софија јас со секретарот на Општината Алалуф и тројца видни членови на нашата заедница, и тоа: Аврам Флорентино, Саламон Лазар и Хаим Анѓела. Отидовме да се обидеме на некој начин да издејствуваме промена на наредбата. Во Софија ангажиравме еден прочуен адвокат, кој стапи во врска со потпретседателот на Собранието, кому му гарантиравме сто илјади швајцарски франци доколку ја промени изречената наредба. Меѓутоа, сите тие напори, за жал, беа неуспешни, така што се вративме во Скопје за да ги решаваме.претстојните проблеми.
За време на престојот во Софија дознав дека таму се наоѓа нашиот главен рабин доктор Алкалај, кој побегнал од Германците и чекал скриен кај својот брат Захарие Алкалај за да биде некако префрлен во Истанбул, а потоа во Палестина. Тоа беше голема тајна, па затоа со огромна мака успеав да ги посетам. Рабинот доктор Алкалај беше загрижен. тажно ми зборуваше за започнатите зулуми против Евреите во Белград. Кога му ја објаснив целта на нашиот престој во Софија, ми рече:
,Драги мој Авраме, ова сега е полошо отколку што беше инквизицијата во Шпанија, спасувајте се кој како може".
Бугарските окупатори во Скопје уште не ги беа почнале големите прогони, освен што нам, на лекарите и аптекарите, ни ја забранија приватната практика и не отпуштија од државната, општинската или која било служба што ја вршевме со години. Меѓутоа, не мобилизираа да работиме во селата и во помалите места. Јас бев поставен за општински лекар во Катланово, доктор Абраванел во Бујановац, доктор Варон во Битола, доктор Амодај во Куманово. А некако успеавме и доктор Калдерон (иако тој во Белград беше забен лекар) да биде мобилизиран, па на моја молба и препорака беше приклучен кон привремената болница во Велес, а подоцна беше поставен за општински лекар во Прешево.
Меѓутоа, почнаа да пристигнуваат бегалци од Белград, кои имаа некој вид италијански пасошпропусници за Албанија, која тогаш беше под италијанска окупација, па така можеа да поминат во Албанија и да продолжат понатаму, што и го направија многумина од нив. Но, некои, залажувајќи се со послабите антиеврејски мерки на бугарскиот окупатор, останаа во Скопје, од каде што подоцна му беа предадени на Гестапо, кој ги врати во Белград, каде што ги снајде судбината на другите Евреи. Ние им советувавме на сите бегалци да не се залажуваат, бидејќи и ние не знаеме што не очекува, но некои од нив мислеа дека треба да останат во Скопје. Меѓу оние кои останаа беа неколкумина белградски лекари, а двајца беа млади лекари од Ниш кои ги познавав и на кои им советував да бегаат. Едниот од нив ме послуша и се спаси, доктор Моша (Моско) Мошиќ, а неговиот братучед доктор Моша Челебоновиќ замина за Ниш, каде што со другите нишки Евреи беше стрелан на Бубањ.
Бидејќи бев мобилизиран, престанав да ја вршам должноста претседател на Еврејската општина во Скопје, па таа должност ја презеде Ѓисто Ароести, поранешен член на Управата на Општината, а јас, според должностите, понекогаш навраќав заради давање известувања и совети. Како што веќе наведов, првото мое сместување беше во Катланово, додека моето семејство остана дома во Скопје. Штом заврши учебната година, во јули 1942 година го доведов семејството во Катланово. Тука Ниџа тешко се разболе, па го вратив семејството во Скопје.
За областен началник на Санитетот на Македонија беше поставен доктор Костов.

Преместен во Крива Паланка
Во септември 1942 година ме преместија во Крива Паланка. Цела Крива Паланка беше една крива улица на Крива Река, со крив мост и криви бандери.
Во Крива Паланка сретнав уште еден Евреин, аптекарот Розенфелд од Софија. Според наодите на месниот полициски началник, ние двајцата Евреи претставувавме опасност, па бараше со барабан да се разгласи, низ градот, Законот за заштита на нацијата, според кој на Евреите им се забранува да минуваат по главната улица, излегување по 20 часот навечер, пазарење пред 10 часот наутро, посетување на парковите (кои ги немаше), јавните локали и разни други мерки на кои веќе не се сеќавам.
Месниот кмет, човек со пошироки хоризонти, енергично се противстави на тоа и му забрани на барабанџијата да го разгласи тоа.
Во ноември 1942 година во Скопје беа конфискувани редица згради заради одмор на ранетите германски офицери, меѓу нив и нашата куќа. Наредбата беше куќата да се напушти за два дена.
Сите мои обиди да добијам дозвола да заминам во Скопје, да и помогнам на Матушка нешто да направиме, беа безуспешни, па бидејќи таа самата не успеа да најде друг стан за тој краток рок, и го пратив мојот амбулантски слуга, чичко Коста, да ми ги доведе во Крива Паланка.
Пред Војната во Крива Паланка работеа тројца лекари: доктор Вершченко и помладиот доктор Маршавелов, со својата жена специјалист за детски болести. Но, бидејќи двајцата лекари беа мобилизирани, беше останала само доктор Маршавелова за Крива Паланка и за целата нејзина околина. Така, покрај официјалната работа како општински лекар во градската амбуланта, морав да развијам и широка приватна практика во амбулантата на доктор Вершченко, што ми ја отстапи неговата сопруга, заедно со станот кој го изнајмив кај неа.
Морам даја наведам случката за време на престојот во Крива Паланка, што никогаш нема да ја заборавам, бидејќи се работеше за татковска и лекарска обврска. Дома ми лежеше Нилика со дифтерија и температура од 40 степени, а пред куќа ме чекаше селанец со два коња да ме води во своето село во ридовите, каде што цел ден се мачела неговата жена да се породи. Јас малку се двоумев, а мојата малечка Нилика ми рече:
„Оди, тате, не грижи се за мене, новороденчето ќе биде мојот спасител".
Ја бакнав мојата миленичка, се качив на коњот и одјавав. Кога се вратив, мојата Нилика ја најдов, испотена без температура, како ме чека покрај мајка и, а првото нејзино прашање гласеше:
„Дали се живи мајката и детето?".
Кога слушна за успешното породување, од радост почна да плеска со рацете, пеејќи некоја песничка што тогаш првпат ја чув. Таткото на новороденчето дојде по неколку дена и донесе плетено капче за малата Нилика и полна кошница со свежи, како сега набрани круши (иако беше средина на зимата), што тамошните селани специјално ги конзервираат. Покрај тоа, донесе сандаче полно со грозје во струготини од дрво, пак конзервирано на ним специјално познат начин. А нашата љубопитна Нилика го праша селанецот:
„Како ти се вика синот?".
А селанецот одговори: „Се уште го немаме крстено детето".
По ова Нилика рече: „Чичко, ставете му име Спасе". И навистина детето го крстија Спасе. Веројатно уште живее во Крива Паланка.
Додека јас продолжував да работам, во Скопје и во Македонија почна тајното подготвување на злосторничкото недело уништување на Евреите. Од мојот пријател претседател на Општината дознав за наредбата да се подготви доволно материјал за изградба на бараки, но, како што се виде подоцна, тоа не беше за Евреите.
Пред зори на 11 март 1943 година сите еврејски куќи во Македонија бса блокирани од војници и полицајци. Тие ги принудија Евреите да соберат набрзина се што можат да понесат со себе, а потоа ги транспортираа во логорот, сместен во магацините на Монополот во Скопје. Неколкумина беа дознале за таа рација претходниот ден, па така успеале да се префрлат преку граница. Меѓу нив беа и мојот тогашен заменик, претседателот на Еврејската заедница Гисто Ароести со секретарот Пепо Алалуф.
Ден пред тоа, на 10 март, дојдоа по нас во Крива Паланка. Мене ме одведоа да ја предадам градската амбуланта, додека домашните го пакуваа сето она што можевме да го понесеме со себе, бидејќи ни рекоа дека со автобуси ќе бидеме транспортирани во заедничкиот логор во Скопје. Кога граѓаните дознаа за нашето одведување, многумина ја оставија работата, ги затворија дуќаните и дојдоа на автобуската станица за да не поздрават, и покрај присуството на полицијата што го беше блокирала пристапот. Најтрогателно беше збогувањето кога се појавија другарките на малата Нилика, носејќи цвеќе и подароци, извикувајќи и „догледање" на Нилика, додека полицијата немилосрдно ги туркаше.

Интернирање и спасување
Патувањето со автобус беше тешко, бидејќи не напикаа в ќош и им забранија на другите патници да зборуваат со нас. Дури, грубо турнаа една селанка која сакаше да и даде малку вода на жена ми која повраќаше. Најпосле стигнавме во Скопје приквечер и бидејќи логорот веќе беше затворен, не одведоа да преспиеме во полиција. Утредента в зори не спроведоа во логорот, каде што се најдовме со дугарите, пријателите и сите скопјани, кои беа таму затворени еден ден пред нас. Тука чувме дека по интервенцијата на шпанската дипломатија биле ослободени шпанските поданици, а дека нашиот доктор Костов прави се што може за да ги ослободи своите мобилизирани лекари со семејствата. Состојбата во логорот тешко може да се опише, а мене посебно ми остана незаборавна ужасната нечистотија, бидејќи на располагање беа само десет нужници за шест илјади затвореници.
Неколку дена поминавме во логорот, чекајќи ја со нетрпение интервенцијата на нашиот спасител доктор Костов. Најпосле дојде 15 март; претпладнето началникот на полицијата ги повика лекарите и аптекарите да и се јават на полицијата утредента изутрина, да бидат подготвени да го напуштат логорот и веднаш да се вратат на своите поранешни должности. Бидејќи за време на прозивката мене не ме прочита, јас му се обратив со прашањето да не се работи за некоја грешка, при што тој одговори дека сум одреден за придружник на конвојот за време на транспортот. Се разбира, се вратив во логорот тагувајќи за судбината, затоа што само јас со семејството не бев ослободен со другите лекари. Не треба да ги објаснам чувствата на моите домашни, кои воопшто не можеа да го сфатат целиот настан. Овде мора да истакнам дека мојот Ниџа беше голем јунак, затоа што сите други ги бодреше со зборовите:
„Не плашете се, и ние ќе се спасиме".
Всушност, ние се спасивме со некое чудо. Нашето ослободување не може поинаку да се објасни, а на тоа ослободување не може да му се даде друг наслов освен чудо, чудо, чудо. Сега сакам да го опишам тоа чудо и да дадам некои појаснувања, кои можеби ќе го оправдаат моето верување во чуда.
Кога началникот на полицијата ги прозиваше лекарите, а мене ми соопшти дека сум одреден за придружник на конвојот, во непосредна близина беше една болничарка подготвена да оди во болницата каде што била вработена и која го чула разговорот. Таа поитала веднаш во болницата и му јавила на мојот пријател доктор Мелконијан дека сите лекари ќе бидат ослободени од логорот, освен доктор Нисим. Мелконијан веднаш отишол кај доктор Здравев (некогашниот Здравковиќ), кој истиот миг заминал кај околискиот директор за да интервенира, но тој му кажал дека цивилите немаат никаква врска ниту право да интервенираат кај полицијата. Доктор Здравев, чиј збор многу значеше за време на окупацијата, потоа отишол кај командантот на Армијата, кој успеал уште истото попладне да и заповеда на полицијата да ме ослободи и мене со другите еврејски лекари. За да ја опишам нашата радост за време на тоа соопштение, морам да поседувам поетски талент, што јас го немам.
А сега уште едно појаснување. Болничарката од почетокот на оваа приказна, во 1926 година беше мало девојче, ќерка на еден сиромашен влачар, кое го лекував и го излекував од тешко воспаление на белите дробови и често му носев понада додека сега, во 1943 година, беше порасната девојка. Како инаку да се објасни фактот што, кога го слушнала нашиот разговор, веднаш побозала да му ја соопшти злокобната вест на доктор Мелконијан. Како да се објасни брзата интервенција на доктор Здравев, кого неколку пати го имам одбрането пред Дисциплинскиот суд на Лекарската комора од нападите и обвиненијата на србоманските лекари, кои не го сакаа многу. Не се ли тоа нешта со стекот на околностите составени од некоја за нас секогаш непозната сила?
Мене ми се случи уште едно слично чудо во Врање, но за тоа подоцна.
Утредената не спроведоа до зградата на полицијата, каде што собрани ги чекавме отпусниците, кои околу пладне ни ги предаде началникот на полицијата со зборовите:
„Губете се што побргу".
Мене, заедно со отпусницата, ми го предаде и налогот на Костов дека ме преместува во Драчево, на што јас многу се израдував, бидејќи во Драчево и околината имав многу бивши пациенти и пријатели. Бидејќи веќе беше поминато пладнето, отидовме во 'турското маало' (ни беше забрането да се движиме во центарот на Скопје), каде што влеговме на ручек во еден ан, непознат за мене. Заборавив да кажам дека при доаѓањето од полицијата поминавме покрај една трафика, каде што нејзината сопственичка ме прегрна, весело викајќи гласно:
„Среќно, докторе", ми ја стегна раката и ми тутна скришум двесте динари.
Откако ручавме (сопственикот не сакаше ни да чуе за некакво плаќање), преноќивме во истиот ан, а утредента, на 17 март, се вративме во Крива Паланка, во која проживеав кратко време, работејќи за народот, кому таа ужасна Војна ниту му требаше, ниту ја сакаше. Заминувањето беше трогателно, искрено и срдечно. И покрај полициската забрана, излезе многу народ да го испрати својот доктор. Бидејќи беше работен ден, па мажите не можеа да ги напуштат своите дуќани, излегоа сите жени со децата да не испратат, носејќи понади и цвеќе и посакувајќи ни среќен пат. Од Драчево, есента на 1943 година бевме префрлени во Врање.

Приклучување кон партизаните
Во Врање стигнавме оној ден кога беше објавено дека во Германија починал (или загинал) бугарскиот цар Борис. На тоа се сеќавам, бидејќи во градот немаше електрична струја, па така преноќивме во темен хотел. Утредента веќе најдов и изнајмив стан кај Сотировиќ, каде што го поминав целиот мој престој во Врање, на мое и негово искрено задоволство.
Јас стапив на должноста општински лекар во Врање. Со стекот на околностите општинскиот лекар ја скрши ногата и лежеше во гипс цели два месеца, па така јас ја вршев неговата должност. Имав многу работа, дотолку повеќе што почнав и приватна практика, бидејќи во градот немаше лекар освен детскиот лекар, доктор Гочобанка. Врање ми беше познат центар на српскиот патриотизам, па така знаев дека во околината има партизани. Еден ден дојде во амбулантата млада селанка, па чекајќи ред да влезе, се запиша како Славојка Илиќ. На моето прашање што ја боли, таа стана и седна близу мене и тивко ми рече:
„Јас не сум Славојка, туку Славка. Ние веќе те познаваме, докторе, па Власта ме прати по аспирин, кинин и материјал за преврска. Ние немаме лекар, туку само еден болничар, па затоа јас ќе доаѓам одвременавреме кај тебе за совет и лекови. Ти ме познаваш само мене, Славка, а таа те познава само тебе". Јас подготвив еден пакет со лекови и и го предадов со зборовите: „Ваш сум …"
Потоа реков пак да дојде по неколку дена, бидејќи сега набрзина не можев да им дадам повеќе материјал. На тој начин некогашниот четник и докажан патриот повторно стапува во служба на борците за слобода против злогласните фашисти. За време на целиот мој престој во Врање продолжив тајно да им помагам на партизаните. На 6 септември 1944 година една кола застана пред мојот стан, а во колата беше Славка, која ме покани со семејството на свадба. Ние сите седнавме во колата, а Славка по патот ми шепна дека тие утре го ослободуваат Врање, па затоа Власта ја пратил да преноќиме во селото Дубница, надвор од градот. Кога дојдовме во Дубница, најдовме голема поставена маса на чие чело седеше командирот на партизанскиот одред Власта, кој не чекаше за ручек. На нашата радост и немаше крај, иако моите домашни дотогаш не знаеја за мојата тајна соработка со партизаните, за што Власта ми се заблагодари. Подоцна не одведоа во станот на еден селанец каде што преноќивме, а утредента, на 7 септември, влеговме во ослободеното Врање.
По ослободувањето на Врање ги оставив домашните, заминав со партизаните и првата ноќ ја преспав со нив во едно село. Кога се раздени, кај мене дојде една партизанка (мислам дека беше политички комесар) и ме ослови со следниве зборови:
„Драги докторе, ти си ми потребен на друго место. Штабот те постави за лекар на 46. Дивизија на НОВ, која се наоѓа во Врањска Бања, а до следната наредба треба да се префрлиш во Доња Љубата", место во близина на некогашната бугарска граница.
Јас се вратив во Врање, ги спакував домашните, а потоа ги префрлив со мене во болницата, која веќе беше подготвена за поаѓање. Прва станица на нашиот пат беше селото Првонек, каде што преноќивме во едно напуштено училиште, без врата и прозорци, со продупчен покрив, а таа ноќ паѓаше лапавица. Ноќта јуначки ја прегрмевме, а утредента го продолживме патот. Рано следниот ден болницата тргна со воловски коли, во кои ги натоваривме болните и ранетите, низ реката која течеше од кај Крива Феја. Ние лекарите, со другиот болнички персонал, ги придружувавме по должината на рекичката. Јас ја замотав Нилика и ја сместив во една кола со двајца ранети, додека Ниџа појде со мене, па така наизменично го јававме коњот што го добив… Матушка со Шарика тргна по патот преку Крива Феја со групата административен персонал. Преминувањето беше многу мачно по лош пат и невреме, но околу пладне стигнавме во Крива Феја, а потоа продолживме кон Доња Љубата и ја сместивме болницата во зградата на некогашниот општински санитет. Веднаш потоа дојде и групата која одеше по патот, а со неа пристигнаа моите Матушка и Шарика.
Тешко е да се опише нивната состојба при средбата; само толку можам да кажам беа полусмрзнати, а мојата Матушка стаса со боси нозе, бидејќи по пат и испаднале ѓоновите од чевлите што ги носеше. Се разбира, веднаш ја однесов до најблиската куќа молејќи да ја примат, а кога сопственичката одби, јас разгневен (што ретко ми се случува) треснав со нога една заклучена врата и ја ставив исплашената Матушка на еден кревет. Кога сопственичката виде дека нема шега, се извини и веднаш донесе полна чаша со топло млеко да ја згрее и да ја закрепне речиси целосно онесвестената Матушка.
Ја продолживме работата во Доња Љубата, но избувна револуција во Бугарија (9 септември з. ред.), па така добивме наредба да ги пренесеме сите ранети и болни во Софија, што и го извршивме. Јас и доктор Калдерон добивме наредба да се јавиме во Главниот штаб. односно во Врховната команда на НОВ во Ниш, па затоа јас отидов со домашните во Врање за да се подготвам за пат. Од Врање тргнавме на 23 октомври 1944 година и стигнавме во Ниш утредента.
Сега, при разделбата со Врање, сакам да го објаснам она второто чудо кое ми се случи за време на окупацијата додека работев таму како општински лекар. Еден ден дотрча мојата Шарика во амбулантата и ми јави дека дошле по Ниџа, полицаец и вооружен војник, а потоа полицаецот го оставил војникот пред врата и рекол да ме повикаат мене бидејќи има нешто да ми каже. Кога дојдов, тој тргна со мене по улицата и ми рече:
„Господине докторе, јас во џебот имам наредба од началникот на полицијата да го пронајдам твојот син, да го префрлам до границата и да им го предадам на Германците. Јас знам каде се наоѓа твојот син, но мислам дека е тоа ужасна казна за човек што правел само добри дела. Ти не се сеќаваш на мене, но јас сум оној наредник од Скопје, кого ти го лекуваше бесплатно од тешката болест кога ми се закануваше опасноста да бидам отпуштен од служба. Ти тогаш ми набави лекови на твој трошок и јас тоа не можам да го заборавам. Затоа оди кај началникот на полицијата, кај кого уживаш голем углед, и замоли го да ја повлече наредбата, а јас кај него ќе се вратам со веста дека не сум успеал да го пронајдам син ти. Јас уште малку ќе се позабавам, како божем да го барам".
Побрзав во полицијата и успеав да го убедам началникот да ја поништи наредбата, така што син ми Ниџа остана жив и здрав. Зар не е тоа чудо, токму на тој наредник да му било наредено да го предаде на Германците син ми единец.

Општински лекар ѕа Пирот
Главниот штаб ме префрли во цивилната служба на Народноослободителниот одбор, кој ме постави за градски општински лекар на Пирот. Ја прифатив службата и таму останав се до 1945 година кога бев разрешен од должноста и се вратив во Скопје. Мојот престој во Пирот беше без посебни настани, освен тоа што тука првпат ја сретнавме руската војска, бидејќи група руски офицери беа сместени во нашето соседство. Беа многу љубезни и често не покануваа на весели седенки. Веднаш по моето доаѓање дојде група од петмина лекари од Софија, која ја презеде болницата што претходно беше затворена. Тоа беа двајцата браќа лекари Конфорте (едниот интернист. другиот хирург), доктор Аврамов, оториноларинголог, доктор Таџер, кардиолог, и доктор Јосифов, специјалист за градни болести, кој беше пратен во Санаториумот во Сурдулица.
Сите лекари беа Евреи; подоцна ги сретнав во Ерец (Израел), освен доктор Таџер кој дојде во Скопје каде што сега (1975 з. ред.) живее и работи како кардиолог, професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во септември замолив да ми одобрат патување во Софија да ги посетам роднините. Отпатував со Ниџа. Во Софија бевме кај братучетка ми по тетка Ленка Барух. Утредента ја посетивме Еврејската конзисторија, каде што сретнав извесен Бен Јосеф од Палестина, дописник на весникот „Давар", кој ми закажа состанок кај еден Швајцарец, за да му ги дадам првите податоци за несреќните скопјани. Кога го виде Ниџа, кој беше дошол со мене во посета, Бен Јосеф започна разговор со него. Ниџа рече дека е во „Хашомер Хацаир" (еврејски за млад стражар; тоа беа првите иионери што работеа во Израел), а тој го праша дали би сакал да отиде во Ерец. Ниџа скокна од радост и му одговори дека тоа му е дамнешна желба. Бен Јосеф тогаш ме праша дали јас имам нешто против тоа, на што му одговорив дека сум стар ционист и дека по овој нечуен колеж на нашите браќа, мислам дека за Евреите не постои друг спас, освен да отидат во Ерец…
Тој тогаш ми рече дека одржува врска со еден Англичанец, кој за неколку дена ќе го среди заминувањето на Ниџа во Палестина. Јас побрзав во Пирот да ги доведам Матушка, Шарика и Нилика за да се поздрават со нашиот патник пред неговото заминување на далечен пат.

Назад во Скопје и нов почеток
Ние се вративме во Пирот каде што останавме до мај 1945 година. Тогаш бев разрешен од должноста во Пирот и добив дозвола да се вратам во Скопје. На враќање, застанавме во Врање да земеме некои работи, што ги бевме оставиле при заминувањето, а потоа се упативме кон Скопје, каде што пристигнавме околу пладне на 25 мај. Ги пратив Матушка, Сара и Нилика дома, а јас отидов во Бирото за осигурување работници, како бивш лекар на Филијалата на Белградската младина. Во Бирото, од Управата бев примен радосно и срдечно. Нејзините членови ме познаваа како вреден лекар, секогаш подготвен да им даде помош на осигурените работници. Веднаш ме поставија за лекар на Железничката дирекција на Скопје, со должност референт и шеф на амбулантата на Дирекцијата. Со наредбата за поставување на новата должност побрзав дома, каде што ги најдов домашните двоумејќи се како да го почнат чистењето на куќата, бидејќи на горниот кат за време на нашето отсуство била младината на СКОЈ, па така целиот наш стан беше облепен со плакати и слики.
Додека бев во канцеларијата, младината, по наредба на Градскиот совет, веќе ја беше напуштила куќата, така што пристапивме кон општо чистење и реновирање на нашиот стан. На дрлниот кат живееше еден игумен, а во мојата амбуланта еден потстанар, кој веднаш се исели. така што јас за неколку дена почнав да примам болни, кои ме прифатија со раширени раце, радувајќи му се на моето враќање. Повторното уредување на станот одеше прилично брзо првин ја пренесовме нашата покуќнина што беше скриена на таванот од куќата на Мориц Алкалај и некои работи што имавме оставено на чување кај некои пријатели.
Овде ќе ја наведам судбината на мојата библиотека, која ја имав дадено да ја чува пријателот Миковиќ. За да ја зачува, тој им ја предал библиотеката на Албанци во близина на (Косовска) Митровица, а тие, заради поголема сигурност, ги закопале сандаците со книги под земја. Кога ги раскопавме, книгите веќе беа мувлосани и се распаѓаа. Сега настапува мојата работа на новата должност. Пред се, ја преуредив амбулантата, која не беше целосно во ред, ангажирав уште тројца лекари, кои работеа попладне, меѓу нив и доктор Таџер кардиолог, шеф на Одделението на Земската болница во Скопје. Можам да заклучам дека директорот на Железницата секогаш беше љубезен, исто така и политичкиот комесар на Дирекцијата, така што имав одврзани раце за уредување на примерна санитетска служба во должноста што ми беше доверена. На мој предлог беше преуреден еден вагон од прва класа во амбуланта за прва помош, за итни случаи и повреди за време на работата. Едната половина од вагонот претставуваше целосно уредена амбуланта со сите тогаш можни апарати за прва помош, а другата половина беше уредена за лекарот и болничарот, кои во даден момент, во секое време од денот или ноќта, итаа да им помогнат на работниците. Сето тоа им остави голем впечаток на надлежните, како и на самите железничари, кои го изјавуваа тоа во многу пригоди, а не беа штедливи ни со пофалбите и разните привилегии. Добив бесплатни билети за возење со прва класа низ цела Југославија за себе и за семејството, што беше редок случај.
Во Скопје најдовме неколку еврејски семејства, кои како странски поданици биле ослободени од логорите, и неколку бегалци што се враќаа. Еврејската општина дејствуваше на чело со Ѓорѓи Блаер, а должноста секретар ја вршеше Сапорта. Бидејќи според новото уредување не беше дозволено да се држат големи станови, Матушка му издаде две соби на семејството Сабетај Карио, кога тоа се врати од бегалство, но по неколку месеци семејството се пресели во Загреб. Потоа станот му го отстапив на новиот пријател, политичкиот комесар Рашков, кој живееше тука со сопрутата се додека не решивме да се иселиме во Ерец Израел во 1948 година.
Моите деца го продолжија прекинатото школување. Шарика се запиша во Загреб, а Нилика ја продолжи гимназијата, посетувајќи го истовремено и Музичкото училиште и земајќи приватни часови по клавир.
Ете, така, доктор Нисим, во новите услови, ја започна работата во нова Македонија, под раководство на обединувачот на Југославија, маршалот Тито.
Уште во истата 1945 година ЈОГлГГ17 ги прати на летување во Цриквеница сите спасени еврејски деца. Матушка со Нилика, а госпоѓа Амодај со Релика заминаа на летување. Јас следната година зедов отсуство и заминав со Матушка и Нилика во Далмација и во Словенија, за да ги видиме многубројните убави предели. Ги посетивме Блед и изворот на Сава, што ни остави незаборавни спомени. Во 1947 година Шарика беше во Сараево, каде што и се придружив и оттаму заминавме на летување во Дубровник.
Во Сараево се потрудив да се сретнам со оние малкумина другари кои на разни начини ме беа спасиле од нацистите. Ги најдов судијата Аврам Барух, доктор Моша Алкалај, доктор Елијас Овадија, доктор Сами Барух, адвокатот Силвио Барух и други. Средбата со старите другари беше толку трогателна колку и пријатна. Другарите се натпреваруваа кој попрво да ме викне во посета. Посебно тоа беше случај со Моша Алкалај, кој просто насилно ме одведе кај него на приредената седенка, па дури и ме задржуваше на спиење. Останавме два дена во Сараево, а потоа продолживме кон нашата цел Дубровник. Поминавме неколку дена во Дубровник, разгледувајќи ги неговите убавини и старини. а потоа со брод го прошетавме целото јадранско крајбрежје. Когасе вративме, Шарика почна да работи во аптеката кај Богоевиќ. Нилика ја продолжи гимназијата, ајассвојата работа.
Тогаш почна да се зборува дека Тито има намера да им дозволи на Евреите кои сакаат да се иселат во Палестина. Се разбира, јас бев меѓу првите кои се решија на тоа, меѓутоа се појави една пречка, бидејќи во одлуката за иселување беше стриктно нагласено дека иселувањето е дозволено само за лекарите што се постари од шеесет години. На тој начин дозволи добија докторите Исак Ешкенази, Мунк и Шен, додека Моша Гераси и јас (58годишен) бевме одбиени.
Ние двајцата се обративме до повеќе места за интервенција, јас добив препорака и од комесарот на Железничката дирекција, а му напишав и молба лично на маршалот Тито. Најпосле отидовме, Гераси и јас, кај Моша Пијаде и мислам дека неговата интервенција вроди со плод, па така во септември 1948 година добивме извештај од Сојузот на еврејските општини дека ние сме на списокот на иселениците. Јас се вратив во Скопје и започнав со забрзано пакување. Подготовките и пакувањето на целокупната покуќнина траеја дветри недели. Ангажирав двајца искусни работници, кои си спакуваа во цврсти сандаци, што подоцна по море беа префрлени во Палестина. Платив за транспортот, додека ние задржавме само по 15 килограми рачен багаж, колку што беше дозволено да понесеме со себе на бродот, кој ни чекаше за превоз. По си ова отидовме во Белград, отседнавме во хотел до нашето тргнување. Имав многу пари и во Белград едноставно се расфрлавме со нив.
Можеби по вина на Сојузот на еврејските ошптини или поради мојата недоверба, направив голема грешка затоа што за паричниот трансфер дадов само триесет илјади динари за кои во Палестина добив сто и дваесет долари, а тогаш можев за трансфер да дадам најмалку стотша илјади дшари.

Во Ветената земја
Најпосле дојде и денот на тргнувањето. На 14 декември 1948 година во Риека се качивме во мизерниот брод „Кефалос". Пред нас стоеше брод кој порано пренесувал овци, а сега беше ангажиран за нашиот превоз во Ветената земја. Сепак, се тешевме со фактот дека секогаш имавме слушано оти во Ерец се доаѓа само по поминати маки и страдања. Кога се качивме на бродот, морнарите не нипримија многу љубезно, па секое семејство зафати по едно место на долниот или на горниот кат, како некој вид кабини, наредени по должината на целиот брод. Ние се сместивме на долниот кат, додека на горниот беше нашиот пријател Јосеф Бехар со своите. Се сместивме како некои бегалци што ги гони непријател, но полни со надеж дека тоа ќе биде нашата последна незгода. За пофалба, можам да кажам дека бродот беше многу чист. Патувањето одеше по својот тек до 18 декември, кога се крена голема бура, која се закануваше со бродолом. Бродот се нишаше, крцкаше, а ние во страв очекувавме да престане бурата. Меѓутоа, бурата стануваше се посилна и посилна, па нашиот „Кефалос" ноќта на 18 декември се приближи кон брегот на Сицилија. Таа ноќ не спиевме поради силното крцкање на бродот, кој само што не се беше распаднал и потонал заедно со сите нас.
Во таквиот страшен миг сите побожни Евреи цела ноќ се молеа со молитвата „Шма Израел" („Чуј Израеле"). Најпосле осамна 19 декември, тивок, мирен, пријатен, сончев ден, па така задоволни го продолживме патот кон Ерец Израел со „Кефалос". Конечно, на 28 декември, дојдовме во Хаифа.
Времето беше како пролет, сите излеговме на палубата на бродот кликајќи радосно и пеејќи ја „Хатиква" (химната на Израел). На радоста и немаше крај. Останавме извесно време на бродот, бидејќи се уште се водеа борби околу Хаифа, па дури на пладне се истоваривме од бродот. Очекувавме да не чека Ниџа, но поради некое недоразбирање него го немаше на пристаништето.
Не качија во камиони и не одведоа во Бет Олим (евр. за прифатилиште; стационар за доселеници), една група во Бет Јааков, друга во Абу Кабир. Ние бевме во групата за Бет Јааков, во која мнозинството беа Македонци. Бет Олим, за кого тогаш прв пат чувме, се состоеше од многу бараки на напуштениот логор на британската војска, која престојувала тука. Тогаш видовме дека не ни останува ништо друго освен чекање и првпат го чувме зборот на иврит савланут, што значи трпение.
Тука не очекуваа многу несредености, бидејќи два дена ги чекавме цариниците да го прегледаат нашиот рачен багаж, така што не можевме да се преслечеме. Меѓутоа, дојде Ниџа, кој не смири со зборовите дека се ќе биде во ред. Ниџа дојде директно од полето каде што го истерал стадото овци на пасење. Колку што ни беше таа средба драга, исто толку ни беше и непријатна поради впечатокот на нашите скопјани, кои го познаваа како елегантно момче. Но, утредента дојде како убаво облечен кибуцнш и сите му честитаа што се спасил во борбите во Палестина, за што ние дури тогаш дознавме. Ниџа сакаше веднаш да не поведе во неговиот кибуц, но јас тоа го одбив бидејќи гледав првин да ја уредам својата лична положба. Се пријавив во лекарската комора, заедно со докторите Ешкенази, Шен и Гераси.
Една комисија, во која беше доктор Шаткај, љубезно не прими, ни објасни дека сега нема слободни места, па така доктор Ешкенази го пратија во Кфар Ахореш, доктор Шен отиде во кибуцот Гат кај синот, а доктор Гераси на своја рака отиде во Ерусалим. Членот на Комисијата доктор Шаткај наеднаш стана и ме прегрна со зборовите (на германски): „Па, како не ме познаваш, јас сум оној молчаливиот, заедно студиравме во Виена".
Јас одвај се сетив на него, а тој ми рече дека за мене обезбедил посебно место, едно добро место и ме постави за лекар во Кфар Баруха.
Во „Билтенот" (декември 1978), гласилото што во предговорот го споменува госпоѓата Јасна Кириќ, по повод смртта на доктор Нисим е објавен 1п тетопат „Др Аврахам Нисим (18901978)" од Јакир Евентов во кој се наведени детали од животот и дејноста на докторот кои ги нема во автобиографијата или се спомнати патем. Докторот починал на 8 ноември 1978 година во Хаифа, на 88годишна возраст.
„Во Втората светска војна Нишлијата со своето семејство наоѓал засолниште во македонските села каде што ги лекувал селаните. Под бугарската окупација често се наоѓал во животна опасност. Како лекар во 1944 година во Пирот им се приклучил на партизаните. Татко му починал уште пред избувнувањето на Војната, а мајка му, сестрата со семејството, како и помладиот брат Самуило, професор по математика во Тетово, страдале во катастрофата.
Во 1948 година дошол во Израел. Прво работел како лекар во Кфар Баруха, а потоа до пензионирањето во Рамла. Тука се сретнал со старите познајници, со покојниот Јосеф Бехар, ционистички активист и хебраист, кој со години бил на челото на Месната ционистичка организација во Скопје. По пензионирањето, Аврам и Матушка Нисим се преселиле во Хаифа… Но, Матушка веќе во 1974 година починала. Децата често и грижливо го посетувале својот осамен татко ел сењор падре.
При крајот, нека ми биде дозволена една лична нота. Го посетувавме покојникот постојано, со години во неговиот 'дом на лекарите' во Неве Шаанан, во сликовитата околина наспроти хаифанскиот технион. Најчесто седевме на куќната тераса каде што не честеше со 'добри нешта' и турско кафе што самиот го вареше. Беше среќен кога го посетуваа пријатели, зашто. и покрај тоа што децата и внуците редовно доаѓале да го поздрават…, нашиот Нишлија се чувствуваше осамен откако во 1974 година му почша животната другарка Матушка. Секогаш се восхитувавме на неговата телесна и духовна свежина, иако во последно време се жалеше дека послабо гледа и слуша. Плановите, меѓутоа, не ги напушташе: се забавуваше и натаму чукајќи го своето 'животно дело', својата биографија, на старата машина за пишување. Таа машина сега молкна: нема кој да го продолжи тој ракопис. Нека му е благ споменот".

BlinkListblogmarksdel.icio.usdiggFarkfeedmelinksFurlLinkaGoGoNewsVineNetvouzRedditYahooMyWebFacebook

Unless otherwise stated, the content of this page is licensed under Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License