Letok Na Mesniot Komitet Na Kpj Vo Bitola Po Povod Deportira

(1943, март по 11, Битола)

Леток на Месниот комитет на КПЈ во Битола по повод депортирањето на Евреите од градот и Македонија
МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ ВО КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ!

Колку понеспособен станува Хитлер да излези на крај со гигантската сила на Црвената Армија и војските на англо-саксонските сојузници, толку тој поварварски ѓи прилага своите разбојнички методи над незаштитените народи во поробена Европа.

Овие дни големо-бугарските слуги на Хитлер [извршија] уште еден злочин над македонските Евреи, злочин со кој неможат да се мерат по својата свирепост ни зверствата ни злочините правени од средновековната инквизиција. Овие дни македонските Евреи сите до еден се фрлени во концентрациони лагери.

I.) ДАЛИ СТАНА СЛУЧАЈНО ПРОГОНОТ НАД ЕВРЕИТЕ?

Трагедијата што је преживеја македонските Евреи не је случајна и одамна је започната. Почна след идвајнето на Хитлера на власт со германските Евреи, наставе со австриските и чехословачките, продолже со полските, се рашире над Евреите во сите поробени народи во Европа, не ги поштеде ни Евреите во вазалните, измекарските држави како Бугарија, Романија и др[уги].

Антисемитизмо и прогоните на Евреите сет неразделна част на секоја реакционерна, противнародна власт. Но тије сет во исто време предзнаци за блиска и неминовна пропаст на реакционерната власт или држава.

Во Шпанија прогоно на Евреите се јавува тогај кога најцрната реакција — прочутата шпанска инквизиција — беше на врхо на својата мрачна сила. Од прогоните на Евреите — Шпанија неуспеј да се дигни: та си остана бедна и назадничава држава со обезправен и потиснат народ.

Во царска Русија погромите над еврејските маси и тиранијата на царското самодержавие (диктатура) одеја рака за рака. Погромите станува све посвирепи, но тија не го спасија царизмо,- напротив, под притисако на народната борба и под терето на своите грехови, тој наскоро се сруши.
Во Германија прогоните почват од идвајнето на власт на најстрашната тиранија шо ја паметви свето: хитлеровата фашиска власт. Колку прогоните стануват посвирепи, толку Хитлер је поблиску до својо заслужен крај: безусловната капитулација.

Јасно јет оти злочино напрајен над Евреите не је случајна појава, туку логична последица на хитлеровата власт. Фашизамо и антисемитизмо сет две срамни страни на еден предмет.

II.) БЕДНАТА УЛОГА НА БУГАРСКИТЕ ФАШИСКИ ОКУПАТОРИ
На бугарските поробители јасно им беше уште од окупацијата на Македонија оти Евреите ги чекат концентрациони логори. Но верните кучиња на Хитлера је крија вистината од Евреите и ги залажвеја со разни обекјања, само да добијат време.

А за то време?

На еден гангстерски начин им ги затворија парите во разбојнички заводи кои ги крстија невино: народни банки. Им а зедоја 25% од цената на кукјите и дукјаните.
После ги истераа од оценетите кукји и дукјани — ги присвоја сосема и ашикаре, ним ги собра во гето, ги набија цели фамилии во една одаја.

Најсетне им забранија да работат, и кладоја значки, им одредија полициски час, им забранија да поминат преку Драгор.

Штом ги ограбија до последна пара, кога ги исцедија како лимони и им ги остаја само голите животи, чопоро од бугарските фашиски шакали је извршија и последната, лешинарска задача:

Прво го блокира целио град, ги затворија грагјаните цел ден по кукјите, и тогај уште ноке разбојнички се доближија до еврејската мала и се фрлија како диви зверои на незаштитените жени, деца, старци, ги собра и му ги испратија на милост и немилост на Хитлера.

Комшите Македонци беја свидетели на страшни слики: агенти. џандари, војници викат, удират псујат простачки; децата и жените пиштат, старците жолтејат и пагјат несвест од страх, мажите избезумени незнајат дали старците да ги свестат, дали жените и децата да ги умириват, дали да се облекуват.

Цел ден над Битола се беше надвисила шпанската инквизиција во најстрашна форма: фашиска тиранија.
Цел ден затворените Македонци имаја време да размислуват за „свободата" што им је донесе полицијата на цар Борис — македоноубиец.

Цел ден Македонците од евреиските квартали ги гледаја бледите лица на старците, ги слушаја писоците на децата и жените, и мислеја за западната цивилизација која била угрозена од рускио народ и која Хитлер је бранел.
Каква безсрамна и цинична иронија!

На станица сите Евреи, и машко и женско, и старо и младо — пагјат и је љубат — македонската земја, својата татковина, која ги е исхранила и изгледала.

Дојдоа диви — истераја питоми. Дојдоа гамени, скитници и ман-гупи, ги истера домакините од сопствените кукји, од огништата на дедои и прадедои.

Голготата продолжва. Во еден вагон полен со изгнаници рогја на пато за логоро една жена без бабица, без вода без помош … Во друг вагон умират старец. Во концентрационио лагер [во Скопје] за 10 дена умират 17 души, четворица се самоубиват. Во лагеро: жилиштата се изби и аури, храната је 150 гр. хлеб и вода колку сакаш.

Чеснио Македонсц се пита: — „Ова среден век ли је?" — Не, ова је бетер од среден век: то је „Нова Европа" во дваесети век, то јс „Новио ред" на старата инквизиција, то је — хитлеризам.

II.) ЗАШТО ХИТЛЕР ГИ ВРШИ ОВИЕ ЗЛОЧИНИ?

Две причини сет важни. Прво, колку се смалева силата на Хитлера, толку му расти лошотилако. Неспособен на бојното поле да спечали друго осве(н) порази, тој удира по старио обичај на слабите и незаштитени, на голорукио народ, на Евреите. Друго. Од тоталната мобилизација излезе само тотална брука. Европеиските народи, макар и поробени, одговорија со борба на хитлеровијо опит да ги мобилизира. Зато сега Евреите треба да се прегнат во воената индустрија, тие треба да ја изтр[г]нат фашиската машина од батако.

IV.) МАКЕДОНСКИО НАРОД И ЕВРЕИТЕ.

Големата векина на македонскио народ во овие трагични дни за Евреите осете една силна љубов, искрени симпатии и солидарност кон Евреите. Таја солидарност је потпуно заслужена од овие разлози:

1.) Стотина години живејат Македонци и Евреи заедно, кукја до кукја, дукјан до дукјан, стотина години се менуват поробителите на Македонија: едни идат, други одат. Положајо на македонскио и еврејскио народ си останува исти — робски.

2.) Зулумите од страна на разни „освободители" почват на едните, но порано или покасно свршват на другите. Со стотици години насилието царуват во Македонија — и над Македонци и над Евреи. Истата робска судба, борбата против истијо душман искова едно силно оружје: братството, солидарноста и другарството мегју двата народи.

3.) Фашиската пропаганда ред години докажува оти Евреите се непријатели на народо, дека го држеле капитало. Пред истината, и ова фашиска лага падна во вода. Ние знаеме оти имаше богати Евреи, но ние исто така знаеме оти грото од Евреите беа сиротиња и беда, саставена од амали, крпачи, улични продавци, работници.
Македонскио народ је работен и сиромав. Тој можи да има само љубов према работнијо и беднијо еврејски народ.

4.) Македонскио народ је преживеал и турско и српско и бугарско ропство. Секој поробител је барал шпиони и кодоши — и ги је најдувал. Но, Евреин кодош никогаш не станал, Евреин, шпион не бил. Народ кој не је дал шпиони и ие исхранил кодоши, заслужува поштовањето на секој чссен чоек. Евреискио народ го заслужават и нашето поштовање и нашата љубов.

5.) Во најтешките моменти за македонскио народ, Евреите биле со него. Многу борци од Илинденското востание најдоа убежиште во евреиски кукји, многу Евреи материјално помагаја вастанието, многу Евреи стана активни борци за свободата на Македонија.

V.) ПОУКИ ОД ИЗГОНО НА ЕВРЕИТЕ

Од секое нештастие треба да се извлечат корисни поуки. Нашио народ од овој свиреп злочин схвати оти:

1) Изгоно на Евреите је уште.една насилничка атака над правата и свободата на македонскио народ. Денеска фашискио терор се сруше над Евреите, утвре то ке стани со Турците, Арнаутите, Власите, Грците, најсетне ке се сруши и на произходите. Фашискио терор је еден и недељив, во својата свирепост тој неразликува народности: сите народи треби да му робуват или да бидат уништени.

2) Изгоно на Евреите уште еднаш покажа оти Македонија је само колонија, ставена ван секој закон. Изгоно на Евреите покажува оти шакалската хорда на Цар Борис утре можи да ви влези дома, да ве истера од неја и пред никого да не одговара, како шо не одговара ни за тероро над Евреите.

3) Уште еднаш се потврде старото сретство на секој поробител: подели и владај. Бугарските фашиски кодоши на Хитлера сакат да ги разделат народностите во Македонија и да ги насаскат едни против други. Тие све прават само да ги скарат мегју себе славјани, Власи, Грци, Турци, Арнаути, оти само во нивната неслога је гледат својата сигурност.

4) Со изгоно на Евреите неповратно потона измамничката историска лага за некаква „свобода." Крвавијо терор над Евреите је збриса за везден во душите и на најзаблудените Македонци мислата за некаква „свобода" донесена од цар Борисовата полиција.

VI.) МАКЕДОНСКИО НАРОД СИ ДАВА КЛЕТВА
Македонски мајки! Вие ги слушахте писоците на еврејските деца изгонени голи и боси од постелите. Мислеики на вашите чеда, вие ке дајте клетва на својте деца да се борат против фашиското робство на својата татковина.

Македонски жени! Факто оти изгонени жени рогјат во отворени вагони без помош треби да је узреја одлуката во вас за борба против поробителската система на Хитлера, која ја унижува жената до степен на скот и уништува најсветото во неја: нејзинијо плод.

Македонски работници! На вашите другари, евреиски работници.. земено им је то што досега никуј зулум до сега не им је зел: правото на работа. Најдостоен одговор на фашиските зверои ке биди ва-шето наредвејне во редоите на македонскио антифашиски фронт про-тив окупаторите на Македонија и поробителите на свето.
Македонски селани! Во Евреите вие изгубихте 4000 муштерии за вашите продукти — и западнахте уште подлабоко во устата на нај-големио шпекулант — бугарската држава. Одговорете на фашискио зулум со борба против реквизицијата, против мандрите, иротив данаците.

Македонска омладино! Најсилнијо и најдостојнијо одоговор про-тив изгоно на вашите другари, евреиските омладинци ќе биди ва-шето неодазивајне на мобилизацијата, не одејн[е] во војска.

Македонски Славјани, Власи, Грци, Турци, Арнаути!

Изгоно на Евреите нека ве здружи сите против заједничкио фашиски непри-јател. Непозволувајте непријатело да ве насаскува едни против други.

Душманските сили сет удружени, удружете ги и вие вашите. Во сло-гата је гаранцијата за успех, за посрекна сетнина на вашата зајед-ничка татковина — Македонија.

Долу фашизмо!

Да живат иашите евреиски саграждани! Да живи Македонија!

ЛМС, ФОНД: НОВ, кут. 61, срх. бр. 2424.

Оригинал, ракопис — мастило, на македонски јазик.
Објавен во: Зборник докумената и података, том VII, књ. 1, стр. 229—233.

Unless otherwise stated, the content of this page is licensed under Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License