Estreja A Ovadija
dEstreja2.jpg dEstreja1.jpg

ESTREJA OVADIJA MARA
Родена е на 25 декември1922 во Битола, во многу бедна работничка фамилија. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка и , што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја осетила сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи.
До 1938 год. работи во Битола меѓу напредната еврејска младина. Од 1938 до 1941 год. е работничка во Белград, каде продолжува да работи со напредните белградски младинци. Пред војната се враќа во Битола. Станува член на СКОЈ и се истакнува во работата. Во 1942 год. е примена за член на Партијата. Во Април 1943 год. оди во партизани, прво во битолскиот одред „Гоце Делчев“, а покасно во III бригада на кумановски терен. Во партизани се истакнува со својата храброст и неустрашивост. Учествува во сите борби што се водени кај Фуштани, Тушин и Кожуф. Во 1944 год. е префрлена во VII бригада. Загинува во почетокот на 1944 год. на Кајмакчалан, во нерамна борба со непријателот.
За народен херој е прогласена на 11.10.1953 година.

Unless otherwise stated, the content of this page is licensed under Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License