Dokumenti Makedonija

1943, март 11, Софија

Дел од дневникот на Богдан Филов,
министер-претседател на Бугарија, кој се однесува на интервенцијата на Шарл Редар, амбасадор на Швајцарија во Бугарија, во врска со нрогонувањата на Евреите

11 [март] 1943 г.

Денес ме посети Redar во врска со иселувањето на еврејските деца во Палестина. Ми даде да ја прочитам телеграмата со која се бара да се именува еден комитет од тројца Евреи за да ги наведат лицата за иселување. Му реков дека ова ние не можеме да го примиме и си го резервираме правото ние да ги наведеме лицата. Меѓутоа, пред ова би требало да ги средиме техничките прашања за иселувањето. Тој предложи да започнеме со една група од 100 деца, за кое Министерството на внатрешни работи дало веќе согласност и за кои ќе се потребни само два вагона. Стана збор на Евреите од новите земји (Македонија) што ги иселуваме. Тој предложи да телеграфира да ги примат и сите нив во Палестина. Му приговорив дека е веќе мошне доцна, бидејќи тие по неколку дена тргнуваат. На неговото прашање каде одат, одговорив „во Полска". „Тоа значи дека тие одат во смрт" — рече тој. Му објаснив дека тоа е преусилено и дека тие ќе бидат искористени како работници, какви што и ние испраќаме. Одговори дека тоа не е исто и дека со Евреите се иостапува нечовечно. Остро приговорив дека не можеме да зборуваме во денешно време за човечност, кога во исто време така безмилосно се убива мирното население на големите градови. Тој веднаш се согласи со мене, при што го наведе тукушто извршениот напад од Англичаните врз градот Рен во Бретања, кој ниту имал некаква воена индустрија ниту некакво стратешко значење. Сс согласивме дека војната станува од ден на ден се пожестока. Му кажав какво штетно влијание имаат кај нас Евреите и дека ние имаме право да се браниме, со оглед на тоа што и ние можеме да станеме центар на воени операции. Ние сме биле секогаш најтолерантниот народ, меѓутоа, сега сме принудени да преземеме мерки какви што во нормални времиња сигурно не би преземале.

Објавен во: „Борбата на бгарски народ …", док. 101, стр. 166.

(1943, март по 11, Битола)

Леток на Месниот комитет на КПЈ во Битола по повод депортирањето на Евреите од градот и Македонија
МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ ВО КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ!

Колку понеспособен станува Хитлер да излези на крај со гигантската сила на Црвената Армија и војските на англо-саксонските сојузници, толку тој поварварски ѓи прилага своите разбојнички методи над незаштитените народи во поробена Европа.

Овие дни големо-бугарските слуги на Хитлер [извршија] уште еден злочин над македонските Евреи, злочин со кој неможат да се мерат по својата свирепост ни зверствата ни злочините правени од средновековната инквизиција. Овие дни македонските Евреи сите до еден се фрлени во концентрациони лагери.

I.) ДАЛИ СТАНА СЛУЧАЈНО ПРОГОНОТ НАД ЕВРЕИТЕ?

Трагедијата што је преживеја македонските Евреи не је случајна и одамна је започната. Почна след идвајнето на Хитлера на власт со германските Евреи, наставе со австриските и чехословачките, продолже со полските, се рашире над Евреите во сите поробени народи во Европа, не ги поштеде ни Евреите во вазалните, измекарските држави како Бугарија, Романија и др[уги].

Антисемитизмо и прогоните на Евреите сет неразделна част на секоја реакционерна, противнародна власт. Но тије сет во исто време предзнаци за блиска и неминовна пропаст на реакционерната власт или држава.

Во Шпанија прогоно на Евреите се јавува тогај кога најцрната реакција — прочутата шпанска инквизиција — беше на врхо на својата мрачна сила. Од прогоните на Евреите — Шпанија неуспеј да се дигни: та си остана бедна и назадничава држава со обезправен и потиснат народ.

Во царска Русија погромите над еврејските маси и тиранијата на царското самодержавие (диктатура) одеја рака за рака. Погромите станува све посвирепи, но тија не го спасија царизмо,- напротив, под притисако на народната борба и под терето на своите грехови, тој наскоро се сруши.
Во Германија прогоните почват од идвајнето на власт на најстрашната тиранија шо ја паметви свето: хитлеровата фашиска власт. Колку прогоните стануват посвирепи, толку Хитлер је поблиску до својо заслужен крај: безусловната капитулација.

Јасно јет оти злочино напрајен над Евреите не је случајна појава, туку логична последица на хитлеровата власт. Фашизамо и антисемитизмо сет две срамни страни на еден предмет.

II.) БЕДНАТА УЛОГА НА БУГАРСКИТЕ ФАШИСКИ ОКУПАТОРИ
На бугарските поробители јасно им беше уште од окупацијата на Македонија оти Евреите ги чекат концентрациони логори. Но верните кучиња на Хитлера је крија вистината од Евреите и ги залажвеја со разни обекјања, само да добијат време.

А за то време?

На еден гангстерски начин им ги затворија парите во разбојнички заводи кои ги крстија невино: народни банки. Им а зедоја 25% од цената на кукјите и дукјаните.
После ги истераа од оценетите кукји и дукјани — ги присвоја сосема и ашикаре, ним ги собра во гето, ги набија цели фамилии во една одаја.

Најсетне им забранија да работат, и кладоја значки, им одредија полициски час, им забранија да поминат преку Драгор.

Штом ги ограбија до последна пара, кога ги исцедија како лимони и им ги остаја само голите животи, чопоро од бугарските фашиски шакали је извршија и последната, лешинарска задача:

Прво го блокира целио град, ги затворија грагјаните цел ден по кукјите, и тогај уште ноке разбојнички се доближија до еврејската мала и се фрлија како диви зверои на незаштитените жени, деца, старци, ги собра и му ги испратија на милост и немилост на Хитлера.

Комшите Македонци беја свидетели на страшни слики: агенти. џандари, војници викат, удират псујат простачки; децата и жените пиштат, старците жолтејат и пагјат несвест од страх, мажите избезумени незнајат дали старците да ги свестат, дали жените и децата да ги умириват, дали да се облекуват.

Цел ден над Битола се беше надвисила шпанската инквизиција во најстрашна форма: фашиска тиранија.
Цел ден затворените Македонци имаја време да размислуват за „свободата" што им је донесе полицијата на цар Борис — македоноубиец.

Цел ден Македонците од евреиските квартали ги гледаја бледите лица на старците, ги слушаја писоците на децата и жените, и мислеја за западната цивилизација која била угрозена од рускио народ и која Хитлер је бранел.
Каква безсрамна и цинична иронија!

На станица сите Евреи, и машко и женско, и старо и младо — пагјат и је љубат — македонската земја, својата татковина, која ги е исхранила и изгледала.

Дојдоа диви — истераја питоми. Дојдоа гамени, скитници и ман-гупи, ги истера домакините од сопствените кукји, од огништата на дедои и прадедои.

Голготата продолжва. Во еден вагон полен со изгнаници рогја на пато за логоро една жена без бабица, без вода без помош … Во друг вагон умират старец. Во концентрационио лагер [во Скопје] за 10 дена умират 17 души, четворица се самоубиват. Во лагеро: жилиштата се изби и аури, храната је 150 гр. хлеб и вода колку сакаш.

Чеснио Македонсц се пита: — „Ова среден век ли је?" — Не, ова је бетер од среден век: то је „Нова Европа" во дваесети век, то јс „Новио ред" на старата инквизиција, то је — хитлеризам.

II.) ЗАШТО ХИТЛЕР ГИ ВРШИ ОВИЕ ЗЛОЧИНИ?

Две причини сет важни. Прво, колку се смалева силата на Хитлера, толку му расти лошотилако. Неспособен на бојното поле да спечали друго осве(н) порази, тој удира по старио обичај на слабите и незаштитени, на голорукио народ, на Евреите. Друго. Од тоталната мобилизација излезе само тотална брука. Европеиските народи, макар и поробени, одговорија со борба на хитлеровијо опит да ги мобилизира. Зато сега Евреите треба да се прегнат во воената индустрија, тие треба да ја изтр[г]нат фашиската машина од батако.

IV.) МАКЕДОНСКИО НАРОД И ЕВРЕИТЕ.

Големата векина на македонскио народ во овие трагични дни за Евреите осете една силна љубов, искрени симпатии и солидарност кон Евреите. Таја солидарност је потпуно заслужена од овие разлози:

1.) Стотина години живејат Македонци и Евреи заедно, кукја до кукја, дукјан до дукјан, стотина години се менуват поробителите на Македонија: едни идат, други одат. Положајо на македонскио и еврејскио народ си останува исти — робски.

2.) Зулумите од страна на разни „освободители" почват на едните, но порано или покасно свршват на другите. Со стотици години насилието царуват во Македонија — и над Македонци и над Евреи. Истата робска судба, борбата против истијо душман искова едно силно оружје: братството, солидарноста и другарството мегју двата народи.

3.) Фашиската пропаганда ред години докажува оти Евреите се непријатели на народо, дека го држеле капитало. Пред истината, и ова фашиска лага падна во вода. Ние знаеме оти имаше богати Евреи, но ние исто така знаеме оти грото од Евреите беа сиротиња и беда, саставена од амали, крпачи, улични продавци, работници.
Македонскио народ је работен и сиромав. Тој можи да има само љубов према работнијо и беднијо еврејски народ.

4.) Македонскио народ је преживеал и турско и српско и бугарско ропство. Секој поробител је барал шпиони и кодоши — и ги је најдувал. Но, Евреин кодош никогаш не станал, Евреин, шпион не бил. Народ кој не је дал шпиони и ие исхранил кодоши, заслужува поштовањето на секој чссен чоек. Евреискио народ го заслужават и нашето поштовање и нашата љубов.

5.) Во најтешките моменти за македонскио народ, Евреите биле со него. Многу борци од Илинденското востание најдоа убежиште во евреиски кукји, многу Евреи материјално помагаја вастанието, многу Евреи стана активни борци за свободата на Македонија.

V.) ПОУКИ ОД ИЗГОНО НА ЕВРЕИТЕ

Од секое нештастие треба да се извлечат корисни поуки. Нашио народ од овој свиреп злочин схвати оти:

1) Изгоно на Евреите је уште.една насилничка атака над правата и свободата на македонскио народ. Денеска фашискио терор се сруше над Евреите, утвре то ке стани со Турците, Арнаутите, Власите, Грците, најсетне ке се сруши и на произходите. Фашискио терор је еден и недељив, во својата свирепост тој неразликува народности: сите народи треби да му робуват или да бидат уништени.

2) Изгоно на Евреите уште еднаш покажа оти Македонија је само колонија, ставена ван секој закон. Изгоно на Евреите покажува оти шакалската хорда на Цар Борис утре можи да ви влези дома, да ве истера од неја и пред никого да не одговара, како шо не одговара ни за тероро над Евреите.

3) Уште еднаш се потврде старото сретство на секој поробител: подели и владај. Бугарските фашиски кодоши на Хитлера сакат да ги разделат народностите во Македонија и да ги насаскат едни против други. Тие све прават само да ги скарат мегју себе славјани, Власи, Грци, Турци, Арнаути, оти само во нивната неслога је гледат својата сигурност.

4) Со изгоно на Евреите неповратно потона измамничката историска лага за некаква „свобода." Крвавијо терор над Евреите је збриса за везден во душите и на најзаблудените Македонци мислата за некаква „свобода" донесена од цар Борисовата полиција.

VI.) МАКЕДОНСКИО НАРОД СИ ДАВА КЛЕТВА
Македонски мајки! Вие ги слушахте писоците на еврејските деца изгонени голи и боси од постелите. Мислеики на вашите чеда, вие ке дајте клетва на својте деца да се борат против фашиското робство на својата татковина.

Македонски жени! Факто оти изгонени жени рогјат во отворени вагони без помош треби да је узреја одлуката во вас за борба против поробителската система на Хитлера, која ја унижува жената до степен на скот и уништува најсветото во неја: нејзинијо плод.

Македонски работници! На вашите другари, евреиски работници.. земено им је то што досега никуј зулум до сега не им је зел: правото на работа. Најдостоен одговор на фашиските зверои ке биди ва-шето наредвејне во редоите на македонскио антифашиски фронт про-тив окупаторите на Македонија и поробителите на свето.
Македонски селани! Во Евреите вие изгубихте 4000 муштерии за вашите продукти — и западнахте уште подлабоко во устата на нај-големио шпекулант — бугарската држава. Одговорете на фашискио зулум со борба против реквизицијата, против мандрите, иротив данаците.

Македонска омладино! Најсилнијо и најдостојнијо одоговор про-тив изгоно на вашите другари, евреиските омладинци ќе биди ва-шето неодазивајне на мобилизацијата, не одејн[е] во војска.

Македонски Славјани, Власи, Грци, Турци, Арнаути!

Изгоно на Евреите нека ве здружи сите против заједничкио фашиски непри-јател. Непозволувајте непријатело да ве насаскува едни против други.

Душманските сили сет удружени, удружете ги и вие вашите. Во сло-гата је гаранцијата за успех, за посрекна сетнина на вашата зајед-ничка татковина — Македонија.

Долу фашизмо!

Да живат иашите евреиски саграждани! Да живи Македонија!

ЛМС, ФОНД: НОВ, кут. 61, срх. бр. 2424.

Оригинал, ракопис — мастило, на македонски јазик.
Објавен во: Зборник докумената и података, том VII, књ. 1, стр. 229—233.

[1943, март по 11] Штип

Напис во „Народен глас", весник на партиската организација во Штип, по повод депортација на Евреите од Македонија

ТЕРОРО И ПЛАЧКАТА НАД ЕВРЕЈТЕ

Тероро и плачката кој го вршиа германските фашисти и нијните бугарски слуги над еврејското население, со разни даноци и ограниченија, со това што им укинаа секакви политички и граждански права, со това што не им дава слободно да купува, продава, патува, и што ги приморава да плаќат разни даноци и глоби не им стигна. Ами најпосле се нафрлија и на самите луѓе, и еден ден уште рано сабајле го блокирава целио град, зачукаа по еврејските куќи и побеснелите гестаповци и проклетите бугарски агенти и жандари. И почнаа да ги исфрлат на сокак, како стока жените, децата и мажите от сопствените куќи. А џандарите почнаа да ги гонат на станица со штикојте на пушка, како кој знај какво престпленије да се напрајле. Ненаситните фашисти ги собраа сите јевреј от тука со кој от век си живејахме, Ги одведова на станица дека до гола кожа ги слекуева да ги претресуат. Им зедоа све што им најдова. За носење, за јадејне и парите до последнија лев. Оставија им само алиштата на грбо и ио еден душек и јорган и така ги однесова у скопскио монопол дека ги собира јеврејте од цела Македонија. Тамока ги подржава некое време како стока, набутани еден на друг, гладни, голи и боси. Онда ги испратија со сите евреј заедно от Македонија по разни логори, дека опколени со џандари и со по сто грама леп ќе ги терат да работа до дека не падна и на тој начин систематски еден по еден ќе ги уништат.

Додека јеврејте ги одведоа по логорите да ги уништат, до тогај овде се наврлија на нивните имоти да ги плачкат разни кметој, на-чалници, агенти, жандари, офицери и др. Ненаситните плачкаши со коли је издигаја јеврејската сермија, разни намештаји, храна, и др. Они одеа групи по групи и по себе си караа кој повеќе да грабне.

Кога ке се приближеше некој от народо да тражи да купе нешто, они викаа дека нема за продавајне јер това ќе биде за учражденијата и болницата.

Крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги го извршиа овој срамен и нечувен терор и плачка над еврејското население, прикажувајќи како се еврејте мрсни хора, како са они најгулемите шпекуланти, плачкаши, убици итн. со една дума прикажувајќи ги како са они најгулеми кривци за несраќи кој ги задесуват масите.
Да видиме да ли је вистина това што го прикажуват фашистите. Дали е вистина да се јеврејте најгулеми шпекуланти, плачкаши и убици. Разбира се како што има у македонците шпекуланти, така има и у еврејте, не се еврејте така криви како што ги прикажујат фашистите, а баш на против такви са они — германските фашисти и нивните бугарски слуги, они шпекулират, плачкат, убиват, судат, интернират итн. и они сет главни кривци за несреќите којгги денеска преживуваме.

Крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги не го вршат овај терор над јеврејското население за това што им кажале за нас и што не сакаа да не спаса от маките, а на против они го вршат тој терор над них за това да би ја скренале оштрицата на борбата. Прикажувајќи ги евреите како главни кривци они сакат да не натерат да се бориме против евреите, а не против них, германските фашисти и нивните бугарски слуги, кој се вистински кривци за денешното по-ложение. Они сакаа да ги искористат евреите како перде зад кое требе да се крие за полесно да не плачкат. Они сакат да ја распират на-ционалната омраза, да ни натера да се караме и расправаме, Македонци, Јевреји, Власи, Турци, Арнаути и др. за да не можеме да се соединиме и така заеднички да поведеме борба против них, они сакат да не раздела и така разделени да не уништат. Главната цел на крвнико Хитлер е да не уништуе нарочно нас славјанските народи и он това веќе и го прави. Прво ги собрава јеврејите со кој от век живехме, сега му дава рок на Србите да се села, после ќе ги дигат Власите и Турците, после и на нас ќе дојде ред, може ќе се разликуе начин, едни у лагери други у затвори, трети на „слобода" без јадење и носење, систематски еден по еден ќе не уништат.

Народе, крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги ги собра јеврејте со кој от век си живејме, от кој никако лошо не видовме ни није ни они од нас. Народе, не не чека ни нас поарно, и нас ни се спрема уништуејне само то на друг начин, со гладија, безработица и војна итн. Това може да се виде и от думите на крвнико кмето, кој није на градо, што ги кажал на народо, кој се собрал да ги гледа како плачка еврејски куќи: „А бе виа сте мрсни хора, бе какво гледате, бе оште не сте виждали ништо, за вас требе терор, па да се ошаметите". От овија думи јасно се гледат да нема ни нас да не поштедат, они ќе се стараат само и натаки да плачкаат.

Народе, соедини се без разлика на вера, нација и политички убежденија и стани како еден во борба и против твоите крвни непријатели — германските фашисти и нивните бугарски слуги. Протестирај против тероро и плачката над Јеврејите и тражи да се ослобода. Не дозволувај да те разединуват и уништуват. Стани во борба за поскоро уништување на окупаторите.

Народе, земи оружје во раце и појди у партизани, јер само со оружена борба ќе ги испудиш окупаторите.

АМС Скопје, к. 88: “Народен глас”, весник на Штипската партиска организација. Бр.1 мај 1943.

Евреите во Македонија во Втората светска војна II

Unless otherwise stated, the content of this page is licensed under Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License