Del Od Dnevnikot Na Bogdan Filov Minister Pretsedatel Na Bug

1943, март 11, Софија

Дел од дневникот на Богдан Филов,
министер-претседател на Бугарија, кој се однесува на интервенцијата на Шарл Редар, амбасадор на Швајцарија во Бугарија, во врска со нрогонувањата на Евреите

11 [март] 1943 г.

Денес ме посети Redar во врска со иселувањето на еврејските деца во Палестина. Ми даде да ја прочитам телеграмата со која се бара да се именува еден комитет од тројца Евреи за да ги наведат лицата за иселување. Му реков дека ова ние не можеме да го примиме и си го резервираме правото ние да ги наведеме лицата. Меѓутоа, пред ова би требало да ги средиме техничките прашања за иселувањето. Тој предложи да започнеме со една група од 100 деца, за кое Министерството на внатрешни работи дало веќе согласност и за кои ќе се потребни само два вагона. Стана збор на Евреите од новите земји (Македонија) што ги иселуваме. Тој предложи да телеграфира да ги примат и сите нив во Палестина. Му приговорив дека е веќе мошне доцна, бидејќи тие по неколку дена тргнуваат. На неговото прашање каде одат, одговорив „во Полска". „Тоа значи дека тие одат во смрт" — рече тој. Му објаснив дека тоа е преусилено и дека тие ќе бидат искористени како работници, какви што и ние испраќаме. Одговори дека тоа не е исто и дека со Евреите се иостапува нечовечно. Остро приговорив дека не можеме да зборуваме во денешно време за човечност, кога во исто време така безмилосно се убива мирното население на големите градови. Тој веднаш се согласи со мене, при што го наведе тукушто извршениот напад од Англичаните врз градот Рен во Бретања, кој ниту имал некаква воена индустрија ниту некакво стратешко значење. Сс согласивме дека војната станува од ден на ден се пожестока. Му кажав какво штетно влијание имаат кај нас Евреите и дека ние имаме право да се браниме, со оглед на тоа што и ние мо-жеме да станеме центар на воени операции. Ние сме биле секогаш најтолерантниот народ, меѓутоа, сега сме принудени да преземеме мерки какви што во нормални времиња сигурно не би преземале.

Објавен во: „Борбата на бгарски народ …", док. 101, стр. 166.

Unless otherwise stated, the content of this page is licensed under Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 License